Вести од светот

BMW работи на електричен Боксер мотор

Со воведување на CE 04, електричниот макси скутер, на почетокот на оваа година BMW јасно стави до знаење дека во блиска идиниа може да очекуваме многу повеќе од германците во овој сегмент. 

Менаџментот на BMW дури покажа толку самодоверба што во еден момент најавија дека тие ќе претствуваат нов електричен модел на секои 18-24 месеци започнувајќи од 2023. И покрај тоа што овие први модели се очекува да бидат повотрно скутери, сепак инжињерскиот тим работи и на раазвојот на поголемите модели. 

Нивните планови ги откирја последните поднесени патенти во кои јасно се гледа дека новиот електричен мотор ќе се обиде да ги наследи легендарниот боксер мотор.  

Не е нова помислата за електричен боксер мотор, пред некое време ваков концепт беше презентиран под името Vision DC Roadster concept (на сликата горе). Презентиран како дизајн експеримент во ниту еден момент не беше наговестено дека оовј концепт ќе води кон развој на сериски модел кој ќе се темели на долгата традиција на BMW. 

Концептот се состоеше од два елементи за разладување кои беа поместени на страните каде сега се наоѓаат цилиндрите на легендарниот боксер. Иако ова не се очекуваше, сепак токму тој дизајн е видлив во новата апликација за патент. 

Еден од цилиндрите, според новит патент, би ги собрал во себе инверторот и електрониката за полнење додека пак вториот би ги имал деловите задолжени за разладување на батеријата и моторот. Со овој распоред самите два странични дела би биле разладувани од воздухот кој ќе удира во нив при движење на моторот, на истиот начин кој сега воздушно се лади боксер моторот. 

061422 bmw electric boxer patent fig 2

Поголем дел од документите и скиците поврзани со овој патент се фокусираат токму на димензиите и деталите на овие два странични дела, цилиндири. 

Позицијата на овие странични елементи не би се разликувала многу од постоечката нивна позиција и со тоа би придонела за задржување на изгледот но и на функционалноста на самиот мотор. 

Нема никаква гаранција дека овој патент ќе влезе во сериско производство, но доколку тоа се случи ова ќе значи многу за самите BMW кои нема да треба да се разделат од своето богато и секако славно минато. 

Извор: motorcycle.com

Би можело да ве интересира

Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.

Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција. 

Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.

Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.

Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија. 

Без паника, ова е почеток на едно ново поглавје за култната фабрика од Болоња, но не е и збогум за гласните V2-ки и V4-ки.

Листа на мото настани

Мото клубот No Limit поканува на мото собир на 20 август во Маврово. 

  • 20 Август 2022 - 20 Август 2022
  • Ратрак Маврово

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.