'Be Safe, Be Seen' е порака која им е добро позната на сите мотоциклисти.

Сепак, со се поголемото потпирање на технолошки безбедносни системи кај автомобилите, да се биде видлив само за човековото око не е доволно.

Радарскиот систем само што почнува да се применува кај одредени мотоцикли, но оваа технологија веќе долги години постои кај автомобилите. Првично, таа можеше да се најде кај луксузните автомобили но денеска таа се повеќе е достапна и со нејзина помош се намалува стресот кај возачите.

Радарот може да види низ магла и нема да имате никаков проблем ако менувате радио станица додека возите. Но системот има и недостатоци, особено кога станува збор за мотоциклите. Нивната големина како и пластична каросерија значи дека тие се помалку ефикасни отколку автомобилите при рефлектирањето на радарските бранови.

BMW radar reflectors

Овој проблем долги години постои во морињата и океаните каде помалите бродови се едноставно невидливи за поголемите пловила. Затоа BMW одлучи решението на проблемот да го побара тука.

Според една нова патент апликација, идејата на BMW е да смести мали рефлектори на надворешните делови од мотоциклот, со цел радарските бранови да се одбијат и да се вратат на системот кој ги емитува.

Овие рефлектори се мини верзии на морските рефлектори кои можат да се најдат кај некои јахти. Тие работат на принципот на рефлексија под агол. Со тоа што ги ставаме двете рефлективни површини под агол од 90 степени, со создава уред кој ги рефлектира радарските бранови директно кон изворот, без разлика од кој агол доаѓаат. Ова е едноставно решение на проблемот со видливоста.

junction

Компаниите кои произведуваат мотоцикли се свесни дека возачите се потпираат на вакви системи и дека е важно да не се заборават и мотоциклите. BMW неодамна ја прошири својата поддршка на Connected Motorcycle Consortium, голема групација која ги вклучува Honda, KTM, Yamaha, Suzuki и Triumph. Тие развиваат голем број на системи кои се фокусирани на идејата за возилата самостојно да комуницираат меѓусебно и да бидат свесни за возилата кои се наоѓаат околу нив.

Патентот покажува како може да се смести секој дел и која е неговата улога. Преку монтирање на четири или шест рефлектори, значително се зголемува видливоста.

Од BMW велат дека рефлекторите можат да бидат метални или пак за да се намали тежината, тие можат да бидат направени од јаглеродни влакна.

Некои мотоцикли далеку потешко можат да се забележат на радарот во споредба со автомобилите.

BMW radar reflectors 1

Актуелните рефлектори кои ги има кај бродови се најмалку 30 сантиметри долги во дијаметар. За среќа, оние кои треба да се најдат кај мотоциклите се далеку помали и ќе можат да го рефлектираат радарот кој се користи кај автомобилите.

BMW не е единствената компанија која работи на ваков систем. Suzuki веќе поднесоа апликација за ваков сличен патент.

Back To Top