BMW го претстави Vision DC Roadster – концепт на електричен мотоцикл.

BMW го претстави Vision DC Roadster – концепт на електричен мотоцикл. Ваквиот потег следува откако BMW одлучи дополнително да ја развие електричната програма, ветувајќи притоа 25 нови модели до 2023 година.

Кај стандардниот мотоцикл, сите работи се вртат околу моторот. Кај електричните превозни средства, главниот дел се батериите, додека пак самиот мотор е релативно компактна единица.

bmw electric concept 05 txt 1 26 06

Кај DC Roadster, батериите го заменуваат стандардниот boxer мотор а електричниот мотор се наоѓа веднаш под батериите. Двата цилиндри се всушност радијатори во кои се наоѓаат вентилатори.

Покрај модерните додатоци, BMW задржа некои елементи кои ги има кај традиционалниот дизајн. Напред имаме Duolever вилушка а позади го имаме класичниот тркачки изглед. Дури и светлата на овој мотоцикл се модерни. Овој мотоцикл го има се она по што е познат BMW но сега се е приспособено за новата електрична ера.

Рамката е изработена од алуминиум. Во центарот на мотоциклот се наоѓаат батериите а елементите околу него, се наместени на тој начин да изгледаат како да лебдат.

bmw electric concept 03 txt 2 26 06

Покрај моторот, сите останати елементи на овој мотоцикл се дизајнирани да имаат истовремено прекрасен иглед и да ви овозможат голема безбедност.

На пример, пневматиците кои се направени од Metzeler во себе содржат флуоресцентни елементи, кои исто како и рамката, светат кога возите навечер.

BMW исто така ја дизајнираше и облеката која има речиси невидлива заштита а голем број на елементи емитираат светлина со цел да го привлечат вниманието на останатите учесници во сообраќајот.

Во моментов станува збор само за концепт, но со оглед на желбата на BMW на пазарот да престави неколку електрични мотоцикли би можело во блиска иднина и овој модел да се најде во производство.

bmw electric concept 03 txt 3 26 06

Електричните модели земаат замав а со цел и BMW да остане во игра, тие порано ги објавија своите планови. Од компанијата велат дека во следните 4 години, 25 од нивните модели ќе бидат електрични а во следните шест години, продажбата на електрични превозни средства ќе се зголеми за 30 проценти.

Покрај мотоциклите, BMW планираат и нови подобрувања кај нивната линија на автомобили кои имаат автономно управување како и нов „дигитален екосистем“ кои ќе ги поврзе сите ваши возила.

Едгар Хајнрих – главен за дизајн во BMW Motorrad

„Boxer моторот е срцето на BMW Motorrad но ние исто така сакаме да развиваме и модели кои нема да произведуваат штетни гасови. Затоа си го поставуваме следното прашање: Што ќе се случи ако го замениме boxer моторот со електричен мотор? Vision моделот покажува како би можеле да ги задржиме препознатливите карактеристики а во исто време да обезбедиме нов вид на уживање додека возите.“

„После се, сите оние кои возеле мотоцикл знаат дека тоа може да биде исто толку забавно дури и кога станува збор за електричен мотоцвикл. Големата моќност на овие модели дава едно сосема ново искуство.“

Back To Top