Вести од светот

Батериите кои се менуваат наскоро ќе станат реалност

Honda, KTM, Piaggio и Yamaha потпишаа договор за креирање на „swappable batteries consortium“.

Следете нè на:

 

Honda, KTM, Piaggio и Yamaha потпишаа договор за креирање на „swappable batteries consortium“.

Негова задача ќе биде да се стандардизираат батериите за електричните мотоцикли. Оваа стандардизација е еден од главните проблеми кај електрификацијата но се чини дека сега тој проблем е надминат.

Главниот проблем кај менувањето на батериите е цената на инфраструктурата. Ако еден производител сака на пазарот да има поголем број на батерии, тоа е скапа инвестиција.

Honda swappable battery

Ако секоја компанија користи различен тип на батерија, тоа истовремено ќе биде скапо и непотребно. Многу подобра опција е една батерија која одговара на неколку мотоцикли.

„За потрошувачите од големо значење е стандардизација на батериите и токму поради тоа, четирите големи производители се одлучија да формираат конзорциум,“ вели Нориаки Абе, преставник на Honda.

„Преку оваа соработка но и натпреварување, за клиентите ќе можеме да обезбедиме подобри продукти. Honda ќе работи напорно со цел уште повеќе да им се допадне на фановите на мотоциклите.“

Honda PCX Electric 02

Но она што е особено интересно во однос на вклученоста на Honda во проектот е тоа дека тие се единствената компанија, од четирите кои се дел од групата, која има сама развиено ваква технологија.

Yamaha претходно склучи договор со Gogoro, Тајванска компанија која долги години е пионер во оваа технологија на Блискиот Исток. Од друга страна, Piaggio има електрична Веспа. Но и двете компании немаат сами развиено ваква технологија.

Ова, исто така, не е ваков прв обид. Во 2020-та година истото се обидоа да го направат Honda, Yamaha, Kawasaki и Suzuki.

Групата ќе почне со работа во мај а првата цел е да се стандардизираат обликот, големината и техничките спецификации со цел ваквиот вид на батерија да биде стандардна како за мопедите така и за мотоциклите.

Honda PCX Electric 01

Четирите производители се надеваат дека на овој начин ќе успеат и да ги намалат трошоците за изработка што пак ќе доведе до помала цена за мотоциклите и инфраструктурата. Но исто така се очекува да се подобри и издржливоста на батериите како и да се направи времето потребно за полнење пократко. Ако го исполнат планот, групата смета дека тоа ќе ги надмине грижите кои постојат кај потрошувачите и ќе не подготви за нов свет во кои главен збор ќе имаат електричните мотоцикли.

Би можело да ве интересира

Овој систем прв пат беше употребен на трката во Лосаил.

Во било која друга година, пад на продажбата од 10% би значело и барање на оставка од претседателот на бордот на директори на компанијата.

МотоГП тимот на Репсол Хонда во денешното соопштение го потврди враќањето на Марк Маркез на патеката.

Сите работи кај R18 крузерите на BMW се огромни.

Suzuki почна да објавува информации за GSX-S1000.

Поранешните натпреварувачи се одлични аналитичари на трките со мотоцикли. Тие разбираат како функционираат тркањето и мотоциклите и обезбедуваат фантастичен увид во спортот.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.