Можеби не ви изгледа така, но во светот на авантуристичките мотоцикли, SWM 650 SuperDual е еден од најочекуваните модели во последниве неколку години. Главна приина за тоа е намалувањето на едно цилиндричните модели: Го нема повеќе Tenere 660 на Yamaha и останаа само KTM 690 Enduro R и Husqvarna 701.
Можеби не ви изгледа така, но во светот на авантуристичките мотоцикли, SWM 650 SuperDual е еден од најочекуваните модели во последниве неколку години. Главна приина за тоа е намалувањето на едно цилиндричните модели: Го нема повеќе Tenere 660 на Yamaha и останаа само KTM 690 Enduro R и Husqvarna 701.
Можеби едно цилиндричните модели не им се допаѓаат на сите, но во поглед на едноставноста, тежината и карактерот на мотоциклот, постојат само неколку конфигурации кои би можеле да се мерат со нив. Овој модел кој е во согласност со Euro 4 е последниот од својата раса и иако претходните мотоцикли се Euro 3, новите машини кои ќе излезат во септември веројатно ќе чинат дополнителни 500 евра.
За оние кои не се запознаени, SWM беше Италијански производител основан во седумдесетите години од минатиот век. Компанијата се распадна во 1984 година и многу малку се слушаше за неа се до пред две години кога со помош на финансиски средства од Кинеската Шинераи групација таа повторно почна да работи. Сите мотоцикли се произведуваат во фабриката во Варезе од истите оние инжинери кои претходно работеа во BMW, KTM и Husqvarna.
Претходно имам возено мотоцикли со зафатнина од 300, 500 и 650 и сите беа изненадувачки добри.Одлична вредност за потрошените пари и добар квалитет. Super Dual е правен за да биде повеќе авантуристички настроена верзија на RS 650 R, односно мотоцикл кој ќе биде подеднакво добар за возење на асфалт и оф роуд и кој ќе биде идеален мотоцикл доколку се одлучите со него да патувате низ светот.
Можеби на прв поглед нема да ја забележите разликата но веднаш штом ќе седнете на него ќе ги забележите промените. За почеток, дотокот на гориво е поинаков а за разлика од другите Ендуро модели, тука гаста е лесна. Доколку се возите по нерамен пат веднаш ќе ја забележите суспензијата (Fast Ace напред и Sachs позади). Таа е многу посуптилна и помека кога возите по нерамнините.
Моторот кој има зафатнина од 600cc, развива 56кс и има водено ладење. Моќта е чиста и линеарна. Слободно би кажал дека може да се мери со стариот F650 Rotax мотор на BMW, само што има многу поголема моќност. Брзините исто така се поразлични во споредба со Ендуро и направени се повеќе за улично возење. На овој мотоцикл ќе можете да поминете поголемо растојание без притоа да почуствувате замор. Има шест брзини како и капацитет за масло од 1.8 литри. Проверка на маслото треба да се изврши на секои 5000 километри.
Пневматиците кај овој мотоцикл се Mitas EO-9, а како стандарден дел доаѓаат и „Metzeler Tourance“. Иако Mitas не се првиот избор за улично возење, на мотоцикл кој е лесен колку овој се уште ќе можете да притиснете посилно особено што високите и релативно широки шипки ќе ви дадат дополнителна поткрепа.
Во однос на RS 650 R Enduro, очигледно е дека големината на предното тркало прави разлика. Со тркалото кое има 21 инч чуствувате поголема стабилност но сепак е и доволно остро при вртење. Малку е и чудно што SWM се одлучиле мотоциклот да има помали тркала но сепак после одреден период на возење ќе се навикнете на нив и нема да ви претставуваат проблем. За оние од вас кои планираат доста оф роуд возење и каде поголемите тркала ви даваат подобар квалитет, од компанијата велат дека кон крајот на годината планираат да воведат и SuperDual верзија која ќе има поголеми тркала.
Ги возевме мотоциклите по една долга, шумска патека која на моменти ни понудеше неверојатен поглед. И повторно, SuperDual се покажа како одличен и издржлив, а меката гас навистина помага со тракцијата на задното тркало. Суспензијата одлично се справува со нерамнините, а мотоциклот се чувствува лесен и агилен. После одреден период се качив и на Ендуро моделот и веднаш се забележа разликата. Очигледно е дека неговиот капацитет за оф роуд возење е поголем, но повторно, разликата во карактеристиките ја нагласува разликата помеѓу двата мотоцикли и напорот што SWM го вложил за да ја направи оваа машина да има двојна намена.
После неколку часа возење се вративме во фабриката на SWM. Улиците се празни, добро осветлени и полни со свиоци, а SuperDual покажува што знае. Моторот е одличен, а самиот мотоцикл е доволно висок дури и за колегите новинари со висина од 190цм. Секако дека би сакал да видам како овој мотоцикл ќе се однесува кога ќе се вози на поголема дистанца, дали седиштето е навистина удобно и колку километри ќе можам да поминам со едно полнење на резервоарот кој собира 18 литри. Ова се прашањата кои возачите кои планираат да купат ваков мотоцикл сигурно ќе си ги постават.
Но во моментов, морам да признаам дека сум импресиониран. Секогаш постоеше можност за разочарување, но на крајот излезе сосема спротивното - SWM SuperDual е подобар отколку што очекував. Навистина беше потребна мала компанија да ме потсети колку добри можат да бидат едно цилиндричните мотоцикли. Повеќето компании овие денови ги фаворизираат мотоциклите со два цилиндри. Но тие не се толку лесни ниту наменски како „dual sport“ мотоциклите од осумдесетите и деведесетите години.
Лично мислам дека SWM направија мотоцикл кој е подеднакво добар како за улично возење така и за оф роуд. Обично мотоциклите не се добри за два вида на возење истовремено, но во овој случај, Италијанските инжинери одлично си ја завршија работата.
Повеќе информации за самиот мотоцикл можете да добиете кај увозникот на SWM за Македонија, Максима.