Основана во 1971 година, SWM успешно произведува Trial, Enduro и Motocross мотоцикли со Sachs и Rotax агрегати се до својата ликвидација во 1984. За тоа време, успешно се натпреварува во овие категории и освојува неколку Светски и Европски титули.

Основана во 1971 година, SWM успешно произведува Trial, Enduro и Motocross мотоцикли со Sachs и Rotax агрегати се до својата ликвидација во 1984. За тоа време, успешно се натпреварува во овие категории и освојува неколку Светски и Европски титули.

SM 500 R

По три децении SWM севраќа во мото индустријата како компанија која е инспирирана од минатото и настанува како резултат на страста и техничката и индустриска компетентност на Ampelio Macchi и Daxing Gong, Ampelio Macchi, креатор на историјата на престижните Италијански брендови како Cagiva, Husqvarna и Aprilia каде што беше технички директор и каде што освои 51 титула Светски првак, 46 со Husqvarna и 5 со Aprilia; Daxing Gong, успешен бизнисмен, лидер на Shineray Group која е една од водечките индустрии за мотоцикли и автомобили, генератори и земјоделски возила.

RS 125 R

Актуелните SWM модели се произведуваат во Варезе, Италија во фабриката која што BMW ја изгради и опреми за производство на Husqvarna мотоцикли во периодот кога истата беше во нивна сопственост па се до продажбата на Husqvarna на австриски KTM. Кога австријците решаваат да прекинат со операции во Италија, SWM ја откупува комплетно оперативната фабрика заедно со комплетниот стручен персонал и 10 Husqvarna модели дизајнирани од BMW.

RS 500 R

Ендуро и супермото моделите всушност ги користат истите Husqvarna моно цилиндер агрегати, надградени до стандардите од 2016 од истиот R&D тим на инженери од периодот на Husqvarna пред продажбата на КТМ. Рамовите и најголем дел од деловите се исто така од спомнатата BMW ера на Husqvarna.

Gran Milano 440

Очигледно SWM има големи планови за иднината. Покрај постоечката гама на хард ендуро и супермото мотоцикли од 125, 300 и 500 см3, класиците со 440 см3 и дуал спорт моделите со 650 см3, веќе во фабриката се работи на развој на нови 250 и 450 см3 агрегати, кои всушност  најавуваат можност за развивање на нови модели како и исполнување на најавената намера за учество во Мотокрос натпреварувањата. Исто така, најавен е развој на повеќе модели со поголема запремина од 900 см3 кои би можеле да ги очекуваме до 2018.

Silver Vase 440

Овластен увозник за SWM во Македонија е фирмата Максима.

Цени за моделите на SWM за 2017 година:

RS 125 R 3.700
SM 125 R 3.700
RS 300 R 5.500
RS 500 R 5.990
SM 500 R 5.990
RS 650 R 5.990
Gran Milano 440 5.290
Gran Turismo 440 4.990
Silver Vase 440 4.990
Back To Top