Сем Сандерленд е еден од фаворитите за победа на релито Дакар 2020 кое оваа година ќе се оддржи во Саудиска Арабија. КТМ веќе доминира на оваа трка и победи на последните 18 настапи.

Сем Сандерленд заминува во Саудиска Арабија како еден од фаворитите за нова победа на релито Дакар 2020.

Британскиот возач е дел од силниот тим на КТМ и ќе се обиде да ја продолжи серијата на победи. Дел од екипата се Тоби Прајс, Матијас Валкнер, Луциано Бенавидес и Марио Патрао.

Сандерленд стана првиот Британец кој победи во класата на мотоцикли на релито откако стигна до првата позиција во 2017 година. Тогаш трката се оддржа во Јужна Америка.

Sanderlend Dakar txt 02 01

Оваа година релито за прв пат ќе се вози во Саудиска Арабија и ќе биде нов предизвик за екипата која доминира на ова натпреварување уште од 2001 година.

„Имам голема самодоверба во пресрет на релито“, изјави Сандерленд. „Во тоа секако допринесе и добриот настап кој го имав на претходните трки. Во текот на целата година мотоциклот но и екипата беа фантастични. Јас сум фокусиран и ќе дадам се од себе. Ова за сите ќе биде нова авантура.“

„Ми се допаѓа тоа што заминуваме на ново место. Сите ќе мора да се прилагодат и да ги надминат препреките кои ќе се најдат пред нив. Рутата изгледа тешка но ќе дадам се од себе за да дојдам до првото место.“

Back To Top