Официјално е соопштена листата на возачи кои ќе бидат дел од MotoE шампионатот.
18 возачи и 12 тимови ќе бидат дел од 2020 MotoE серијата а меѓу нив се најде и актуелниот шампион, Матео Ферари.
Ферари стана првиот шампион во оваа серија. Возачот на Trentino Gresini на крајот на сезоната имаше предност од 11 поени во однос на второпласираниот Бредли Смит. Оваа година Ферари ќе има нов тимски колега, Алесандро Законе, кој го замени Лоренцо Савадори.
Поранешниот Moto2 и Супербајк возач, Жорди Торес го замени Сет Жиберно во Join Contract Pons 40.
Првата трка од шампионатот ќе се одржи во Херез за време на Шпанскиот Гран При викенд (1-3 мај). Кампањата ќе заврши со трката во Валенсија која ќе се оддржи во ноември.
Еве ја целата листа на возачи кои ќе бидат дел од 2020 MotoE шампионтот:
Алекс Де Анџелис - San Marino Octo Pramac MotoE
Мариа Херера - Оpenbank Аspar Тeam
Николо Канепа - LCR E-team - Италија
Хавиер Симеон - LCR E-team - Белгија
Матео Ферари - Trentino Gresini E-team
Џош Хук - Octo Pramac MotoE
Николас Терол - Оpenbank Аspar Тeam - Шпанија
Хавиер Карделус - Avintia Esponsorama Racing
Матиа Kасадеи - Ongetta Sic58 Squadracorse
Лукас Туловиќ - Тech3 Е-racing
Бредли Смит - One Energy Racing
Жорди Торес - Join Contract Pons 40
Ерик Гранадо - Avintia Esponsorama Racing - Бразил
Мике Ди Мелио - Trentino Gresini E-team - Италија
Ники Тули - AJO MotoE
Томасо Маркон - Тech3 Е-racing – Италија
Доминик Егертер - Intact GP