По трките во MotoGP, рели беснеењето по пустиниски дини, Danilo ќе ја продолжи кариерата во Америка, повторно на кружните патеки.

danilo petruci mugello 2017

Набиен распоред на италијанскиот мотоциклист кој практично немаше многу време за одмор, затоа што меѓусезоната ја помина работно. По завршувањето на 10 годишната кариера во светскиот шампионат на прототипи и неверојантното искуство во најисцрпувачкото натпреварување, релито Дакар, Danilo го чека тест за следната сезона во MotoAmerica. MotoAmerica е своевиден пандан на WSBK, но се вози само на северно американскиот континент.

Веројатно најголем мотив за враќањето на кружните трки е разочарувачкиот крај во MotoGP кога по двете победи со Ducati, ја извозе својата најлоша сезона во кариерата со моторот на KTM во тимот на Tech3. Danilo отсекогаш изјавуваше дека возењето мотори го смета за забава, а не само за професија, а мора да признаеме дека неговата последна сезона не изгледаше воопшто забавно. 

Вториот мотив е фактот што неговиот стар тим Ducati, не го заборави и инсистираше на неговиот нов ангажман во кој ќе вози повторно нивни мотор, сега во класата Superbike.

Покрај неговите возачки способности, очигледно Италијаните го препознаа и неговиот публицитет кој може да се искористи во маркетингшки цели. Очигледно Австријците не успеаа да сфатат, или касно сфатија, колкав е потенцијалот на насмеаниот харизматичен Италијан, кој го крена рејтингот на релито Дакар, на невидено високо ниво.

А што добива Petrucci од сето тоа? На 31 година секако дека може да понуди уште неколку квалитентни сезони, но повеќе и фактот што има нескриени симпатии кон американскиот слободен начин на живеење, момент кој му се совпадна со потребата за рестартирање на приватниот живот и кариерата. Многу потребно по лошата MotoGP сезона и повредите добиени на исцрпувачкото рели Дакар.

Конечно фактот што некој го препозна неговиот квалитет сам по себе мотивира.

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.