Шпекулациите дека наместо предвидениот термин од 31-ви мај до 10-ти јуни трката ќе биде преместена за крајот на август се покажаа како неточни, Isle of Man TT 2020 е откажана.

По неколкуте преместувања на МотоГП и Супербајк трките се шпекулираше дека и популарната Isle of Man TT трка ќе биде презакажана за подоцна, но организаторите пратија допис со кој трката дефинитивно е откажана.

IsleOfManTT txt 05 06

Иако првично се шпекулираше дека наместо предвидениот термин од 31-ви мај до 10-ти јуни трката ќе биде преместена за крајот на август, сепак тоа нема да се случи.

Според организаторите, со цел да се спречи ширењето на вирусот на Островот и да се заштити локалното население, трката мора да биде откажана. Ова е прво откажување по 2001 за легендарната трка на која со воодушевување гледа целиот Свет.

Back To Top