Доминација на Британецот кој ја зголеми предноста. Фабио Ди Џианантонио повторно се најде на подиумот а Бастианини успеа да дојде до третото место.

Последен пат кога еден Британски возач успеа да победи на три трки по ред во средната класа беше во 1971 година а тоа го направи Фил Рид. А сега тоа му успеа и на Сем Ловс. Возачот со број 22 доминираше уште од самиот старт и на крајот победи со предност од 8 секунди пред најблискиот ривал. 25-те поени кои ги освои во Теруел, му овозможија прво место го генералниот пласман. Втората позиција ја освои Фабио Ди Џианантонио а Енеа Бастианини беше трет.

Ловс имаше перфектен старт на трката а добар беше и Реми Гарднер. Набрзо потоа Ди Џианантонио успеа да го претекне Австралиецот. Џејк Диксон кој стартуваше од третиот ред набрзо се најде на третото место. Ловс продолжи да ја зголемува разликата и веќе во вториот круг имаше предност од 1.5 секунди во однос на Ди Џианантонио.

Moto2 Aragon 2 26 10 2020

Во третиот круг, Гарднер и Бастианини заедно го претекнаа Диксон а предноста на Ловс се зголеми на 1.7 секунди. Потоа повторно стана интересна борбата меѓу останатите возачи. Два пати за една недела Марко Безеки немаше среќа и не успеа да ја намали разликата. Дали може да се врати во игра во Валенсија?Напред, предноста на Ловс надмина две секунди а Ди Џианантонио имаше предност од 1.3 секунди во однос на Гарднер за последното место на подиумот. Бастианини заедно со Хорхе Мартин, Аугусто Фернандез и Хектор Гарзо се бореше за петото место.

Во меѓувреме, тешка трка имаше поранешниот лидер на табелата Лука Марини. Италијанецот се најде на четиринаесетата позиција веднаш за Џо Робертс и Чави Виерге а пред Бо Бендснејдер. Тој успеа потоа да го претекне Марини и Италијанецот се најде на петнаесетото место на дванаесет круга до крајот на трката. Колегата од VR46 Стефано Манци потоа му го направи денот на Марини уште полош откако го претекна.
До тогаш, Ловс веќе имаше удобна предност од 4 секунди во однос на Ди Џианантонио кој пак имаше предност од две секунди пред Бастианини. Битката за место меѓу топ пет возачите продолжуваше а никој од Фернандез, Мартин, Диксон и Наваро не се откажуваше.

За среќа Ловс немаше такви проблеми. Британецот веќе имаше предност од 8 секунди. Ди Џианантонио го освои второ место и повторно се најде на подиумот по несреќниот настап кој го имаше минатата недела. Бастианини го постигна токму тоа што му требаше.

Lows Main 26 10 2020


На крајот Гарднер успеа да го задржи четвртото место и имаше предност од само 3 десетинки пред Наваро. Мартин го освои шестото место а Диксон излезе како победник во битката за седмата позиција со Фернандез. Рамирез беше побрз за само една секунда од својот тимски колега Робертс. На крајот, двајцата возачи го освоија деветото и десетото место.

Потоа доаѓа Марини. Италијанецот не се откажа и успеа да дојде до единаесетата позиција и да освои поени. Сепак, со овој резултат тој загуби драгоцени бодови во битката со Ловс.

Виерге, Хафиз Сиахрин, Тецута Нагашима и Симон Корси ги комплетираа местата кои носат поени. Касма Даниел и Том Лутхи се судрија во првиот свиок и за среќа минаа без повреди. Гарзо, Лоренцо Балдасари, Едгар Понс и Манзи беа останатите возачи кои не ја завршија трката.
Со три победи на три трки, Ловс го презеде лидерското место на табелата. Разликата меѓу него и Бастианини изнесува само седум поени. Марини и Безеки полека ја губат битката за титулата. Сега следува слободен викенд а потоа доаѓаат двете трки во Валенсија и финалето на сезоната кое е закажано за во Портимао.

Moto2 – Подиум

  1. Сем Ловс - EG 0,0 Marc VDS - Kalex 39:27.645
  2. Фабио Ди Џианантонио - Lightech Speed Up - Speed Up +8.425
  3. Енеа Бастианини - Italtrans Racing Team - Kalex +10.871

Сем Ловс: „Навистина сум среќен бидејќи и минатиот викенд бевме силни. Но сакав овој викенд да бидам уште подобар. Бев најбрзиот возач во текот на целиот викенд. За мене оваа трка беше навистина важна бидејќи до крај остануваат уште три трки. Во пресрет на трката кажав дека навистина ми се допаѓа патеката во Арагон и дека ако успеам да победам и тука, тогаш ќе имам шанси за титулата. Тимот заврши одлична работа. Им благодарам на сите кои ме подржуваат во последните неколку години. Ќе дадам се од себе во последните три трки.“

Back To Top