Алекс Маркез ја прекина лошата серија во Moto2 класата и успеа да стигне до победа на трката која се возеше на патеката во Ле Ман.

Алекс Маркез ја прекина лошата серија во Moto2 класата и успеа да стигне до победа на трката која се возеше на патеката во Ле Ман. Тој водеше уште од самиот старт а на второто и третото место се најдоа Хорхе Наваро и Аугусто Фернандез.

Веднаш по трката Маркез изјави: „Многу сум среќен. Многу е добро чувството кога ќе победите после толку долго време. Ова беше тешка трка. Постојано се обидував да ја одржам разликата со возачите кои беа зад мене. Возев многу добро во првите седум круга а потоа само се обидував да ја одржам предноста. Ова е тимска победа бидејќи сите работевме напорно во претсезоната а особено во пресрет на викендот. Успеавме да ја намалиме разликата со останатие тимови и сега само треба да продолжиме со напредокот.“

Британецот Сем Ловс беше само еден од возачите кои излетаа надвор од патеката. Далеку поуспешен ден имаше другиот британски натпреварувач, Џејк Диксон кој го изедначи својот најдобар резултат, односно седумнаесетото место.

Тој изјави: „Многу сум среќен што завршив на оваа позиција. Мислам дека казната од 1.2 секунди е престрога бидејќи не можев да направам ништо во врска со инцидентот а исто така и не добив многу на време. Уште од првиот круг почувствував вибрации на предниот дел од мотоциклот и ми беше навистина тешко да го запрам мотоциклот кога тој беше полн со гориво. Но како што се намалуваше горивото така бев се побрз. Среќен сум што во последниот круг постигнав најдобро време. Се уште не чека многу работа но во секој случај имавме навистина добар викенд.“

fra moto2 sun 1

Хорхе Наваро успеа да дојде до две пол позиции на француската Гран При трка. Силниот дожд кој падна на патеката пред почетокот на сесијата го направи возењето навистина тешко а голем дел од возачите излетаа надвор од патеката кон самиот крај. Возачот кој настапи како замена, Матиа Пасини го предводеше вториот ред а веднаш зад него беа Чави Виерге и Андреа Локатели. Лоренцо Балдасари, Бред Биндер, Лукас Тулович и Марсел Шротер ги комплетираа првите десет позиции.

Кај Британските возачи имаше големо разочарување и покрај тоа што дебитантот Џејк Диксон успешно премина од првата во втората квалификациска сесија. Сепак, тој беше разочаран. „Бев на второто место за време на првата квалификациска сесија. Сигурен сум дека ќе можев да го повторам истото и во втората сесија доколку издржаа пневматиците. Поради некоја причина, тие не се покажаа. Немаше добар контакт со површината и имаше силни вибрации од мотоциклот. После четири круга морав да се повлечам бидејќи почна да станува премногу опасно. Ова ми беше најдобра квалификациска сесија оваа година но и покрај тоа не сум задоволен бидејќи имаме потенцијал за многу повеќе.“

Ништо подобро не помина ниту Сем Ловс кој се жалеше на исти проблеми со задната гума.

fra moto2 sat

Бред Биндер беше најдобриот возач на првиот ден од Moto2 акцијата во Ле Ман а КТМ конечно покажа прогрес со новата шасија на Triumph. На крајот, тој го заврши денот пред Реми Гарднер и лидерот во шампионатот Лоренцо Балдасари.

„Навистина сум среќен бидејќи конечно ни пристигнаа подобрувањата на КТМ и се чувствував многу подобро на мотоциклот. Нешто добивме но нешто и загубивме. Важно е да продолжиме да работиме напорно. Задоволен сум од досегашната работа и со нетрпение го чекам настапот утре. Се надевам дека времето ќе биде добро иако според прогнозите не очекуваат неколку врнежливи денови. “

fra moto2 fri 2

Back To Top