Останато

Isle of Man TT објави нов распоред

Организаторите на Isle of Man TT го променија распоредот на трките за следните два дена.

Следете нè на:

 

Организаторите на Isle of Man TT го променија распоредот на трките за следните два дена. Трката која требаше да се одржи во вторникот е откажана поради лошите временски услови. Тоа доведе до промена на плановите од првично планираната RL360 Superstock TT трка плус квалификациските сесии за Sidecars, Lightweight и TT Zero.

Superstock трката е префрлена за во четврток и ќе започне во 12:15. Веднаш по неа, во 15:00 ќе започне TT Zero.

Во среда ќе се одржи втората Monster Energy Supersport TT трка со почеток во 10:45. Bennetts Lightweight TT ќе се одржи истиот ден во 14:15.

Распоредот на трките кои требаше да се одржат во петок останува непроменет.

IsleOfManTT txt 05 06

Оваа година трката ја одбележаа лошите временски услови а возачите имаа на располагање само два дена за тренинг. Поради тоа, првата трка која требаше да се одржи на 1-ви јуни беше одложена за 3-ти јуни.

Питер Хикман и неговиот Smiths Racing BMW стигна до победа на RST Superbike TT трката кој пак ја одбележа трагичниот инцидент во кој Дејли Матисон го загуби животот.

Бен и Том Бирчал ја обезбедија шестата последователна победа на Locate.im Sidecar TT. Ли Џонсон стигна до првиот ТТ триумф откако дојде до победа на Monster Energy Supersport трката.

Променет распоред за Isle of Man TT

Среда, 5-ти јуни

09:15 Mountain Road Closes    

10:00 Roads Close        

10:45 Monster Energy Supersport TT Race 2 4 Laps

12:40 Sidecar Qualifying 2 Laps

14:15 Bennetts Lightweight TT Race 4 Laps

15:55 Sidecar Qualifying 1 Lap

16:10 TT Zero Qualifying 1 Lap

17:00 Roads Open Except Mountain Road           

18:00 All Roads Closed

18:30-19:30 Senior Qualifying  

19:35 Sidecar Qualifying 2 Laps

20:50 Roads Open Except Mountain Road          

21:50 All Roads Open

Четврток, 6-ти јуни

10:45 Mountain Road Closes    

11:30 All Roads Closed

12:15 RL360 Superstock TT Race 4 Laps

14:10 Sidecar Qualifying 1 Lap

15:00 TT Zero Race 1 Lap

15:45 Senior Qualifying 2 Laps

16:55 Roads Open Except Mountain Road          

17:55 All Roads Open

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Џонатан Реа ја намали предноста на Алваро Баутиста на само 16 поени откако стигна до втората победа на трката во Мисано.

КТМ го надмина Harley Davidson во продажба на мотоцикли на глобално ниво. Австриската фирма сега се искачи на врвот и стана компанија која е најдобра во продажба на мотоцикли а која не доаѓа од Азија.

Овие фотографии ни покажуваат дека Yamaha планира да направи промени на нивниот ултра популарен модел MT-07.

Снимен во Северо – Западниот дел од државата, конечно имаме прилика да го видиме новиот Ducati Streetfighter V4 во неговата природна средина.

За само 18 месеци имаме нова поправка на патеката во Силверстоун.

Понекогаш треба да побараш нешто од универзумот за тој да ти ја исполни желбата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.