Останато

Aprilia заврши прва на 2019 Pikes Peak

Aprilia Tuono постигна најдобро време на 97-то издание на Pikes Peak International Hill Climb.

Следете нè на:

Aprilia Tuono постигна најдобро време на 97-то издание на Pikes Peak International Hill Climb.

Aprilia Tuono постигна најдобро време на 97-то издание на Pikes Peak International Hill Climb. Резултатот кој го постигна возачот на тимот, Рене Скајбрук, од 09:44:963 секунди преставува подобрување на претходниот рекорд кој беше во сопственост на Крис Филмор и кој изнесуваше 09:49:625. Скајбрук, за кого ова беше прв настап на оваа трка во тешка категорија, возеше со продукциски мотоцикл кој само ги потврди можностите на V4 платформата на Aprilia. Подобрувајќи го сопственото најдобро време за 14 секунди, Скајбрук сега го држи и рекордот за најдобар резултат на Pikes Peak во тешка категорија. Самиот настан имаше емоционална завршница.

„Настанот беше спектакуларен се додека не слушнавме за несреќата на Карлин Дан“ , изјави Скајбрук. „Тој беше голем дел од ова искуство, беше мој ментор кога почнував во 2016 година а потоа се боревме за победа во 2018 година. Калин беше џентлмен. Пред стартот на трката му посака среќа и се договоривме да се најдеме на врвот. Светот загуби вистински шампион.“

CreditLarryChen 7460 2

Во однос на трката и самите подготовки за неа, Скајбрук изјави: „На трката, јас и мотоциклот функциониравме беспрекорно. Паметно работевме во текот на целата недела а мотоциклот беше се подобар и подобар. Навистина сум благодарен што имам ваков фантастичен тим зад мене. Тие ми помогнаа да го постигнам овој резултат.“

Aprilia Tuono V4 1100 преставува врв во технологија: Софистицираната еклектроника го вклучува напредниот контролен пакет APRC, ABS сопирачки, контрола на патувањето како и најнов менувач. Уникатниот 175 hp 65° V4 мотор како и тркачката рамка обезбедуваат неверојатни перформанси. Со право Aprilia Tuono е прогласен за еден од најефикасните мотоцикли.

Во чест на Pikes Peak проектот, Aprilia најави лимитирана “Summit Attack” верзија на Tuono која ќе се појави на пазарот во јули. Во продажба ќе се најдат 25 мотоцикли и ќе бидат достапни само на пазарот во САД.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Благодарение на Мото Азуро имавме прилика да го провозиме новиот Yamaha Tenere 700 и да уживаме во карактеристиките на овој специфичен модел.

Иако МотоГП шампионатот сè уште не е започнат, падокот врие од новостите кои пристигнаа деновива.

Првата трка од Ендуро шампионатот на Македонија за 2020 година ќе се вози на 21-ви јуни во Велес.

Конечно добри вести за љубителите на МотоГП, денеска беше објавен официјалниот календар според кој сезоната конечно ќе започне на 19-ти јули со трката во Херез.

На листата на откажани трки за 2020 денеска беше додадена и легендарната Муџело.

Трката која требаше да се вози на 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје се одложува до следниот викенд, односно 14-ти јуни.

Реклами

Листа на мото настани

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно
Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to Twitter

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.