Опрема

Извршниот директор на Ducati вели дека наскоро ќе пристигнат нови V4 модели

Шефот на Ducati, Клаудио Доменикали, откри дека благодарение на успехот кој го постигна новиот Panigale V4, компанијата планира да претстави уште неколку нови модели.

Следете нè на:

 

Шефот на Ducati, Клаудио Доменикали, откри дека благодарение на успехот кој го постигна новиот Panigale V4, компанијата планира да претстави уште неколку нови модели.

„Во следните пет години ќе претставиме 29 нови мотоцикли,“ вели Доменикали. „Ќе продолжиме да развиваме нови верзии од актуелните модели но исто така ќе влеземе на нови пазари. Како дел од тоа, ќе се обидеме да го вметнеме V4 моторот на неколку различни платформи.“

Иако Доменикали не сакаше да открие кој модел следен ќе го има нивниот 1103cc V4 Stradale мотор, кој има 211 коњски сили, извори од компанијата велат дека најверојатно тоа ќе бидат соголени туринг и авантуристички мотоцикли.

Доменикали исто така призна и дека хомологацискиот роднината на V4, кој ќе дебитира во 2019 година, откри нешто навистина интересно и покрај тоа што беше изработуван заедно со уличната верзија.

„Позитивно сме изненадени од V4 R,“ вели Доменикали. „Навистина беше тешко да се задржи истата моќност но моторот реагираше навистина добро на промените кои ги направивме. На крајот добивме многу поголема моќност отколку што очекувавме. На многу начини, ова е најнапредниот мотоцикл кој досега сме го развиле.“

Повеќе технологија отколку MotoGP мотоциклите

Domenicali

„Доколку го земете V4 R, ќе видите дека имаме подобри крилца, подобра електроника како и суспензија во споредба со MotoGP мотоцикл. Имаме cornering ABS кој не е дозволен на MotoGP мотоцикл. Многу возачи кои се дел од трките имаат проблеми со предниот дел од мотоциклот но со нашиот cornering ABS нема да има ниту еден пад. Ниту еден.“

Но иако електрониката е главниот дел кај мотоциклите на Ducati, електронската технологија не е приоритет и покрај тоа што компанијата во чија што сопственост е работи на воведување на возила кои имаат 0 емисија на штетни гасови.

„Електричните мотоцикли се фасцинантни но сите знаеме каква е ситуацијата со оваа технологија: Не можете да ги измамите хемикалиите. Сега ќе отстраните 15 килограми бензин но ќе ги замените со 150 килограми батерија. Ако има некаква регулација да се прават електронски мотоцикли во следните пет години, секако дека ќе бидеме дел од тоа, но ќе направиме мотоцикл кој ќе биде полош од мотоциклот кој би можеле да го направиме сега.“

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

„Можеби за време на тестот нема да можам да го извозам планираниот број на кругови“ – Марк Маркез

„Yamaha работи напорно и ќе се обиде уредот да биде готов за тестот во Малезија“- Маверик Вињалес

Компанијата Мото-Пром од Гевгелија од неодамна е новиот увозник на брендот Кавасаки за Македонија.

Макс Биаџи и Хју Андерсон ќе му се приклучат на Хорхе Лоренцо и оваа сезона ќе станат дел од MotoGP Legends листата.

Стартот на оваа година веќе ни навестува дека таа ќе биде многу интересна и возбудлива, особено за Motul. 

„Имам слушнато многу работи за Кени Робертс, дека тој е еден од возачите кој го има променето самиот концепт. Марк е ист како него, тој го промени начинот на кој возиме“ – Данило Петручи.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.