На EICMA мото шоуто оваа година видовме голем број на нови иновации, вклучувајќи и многу кациги кои имаат „MIPS liner“. Но што всушност е тоа?

„Потекнува од деведесетите години на минатиот век кога еден неврохирург забележа дека на неговата операциона маса се зголемува бројот на лица кои здобиле со повреди на главата и покрај тоа што носеле кацига,“ вели Грег Шеплајт, член на бордот на MIPS.

„Веднаш му стана јасно дека кацигата очегледно не ја заштитува главата целосно. Затоа одлучи да преземе нешто во врска со тоа. Работејќи заедно со неколку други научници дојдоа до неколку идеи кои подоцна го креираа „slip plane“, односно, она што денеска го нарекуваме ‘MIPS’ “.

Но што всушност е MIPS технологијата? Во превод MIPS значи ‘Multi-directional Impact Protection System’ и во основа овозможува вашата глава да се движи внатре во кацигата во случај на несреќа.

Како тоа помага? Зависи од тоа како паѓа вашата глава на земјата (или некој друг објект) во случај на несреќа.

Повеќето од тестовите кои се вршат на кацигите подразбира трансфер на енергијата до сензорите кои се наоѓаат внатре во кацигата, откако претходно таа ќе биде удрена во некој објект под агол од 90 степени. Ова е одлично кога сакате да ги спречите фрактурите на черепот. Сепак, при нереќа, многу поголеми се шансите аголот на удар да биде поинаков. А токму тука во игра влегува оваа технологија.

Кога удирате во некој објект по одреден агол, ротациската сиола се движи низ кацигата и завршува директно во вашиот мозок. Ова влијае на меките делови на вашиот мозок и ја прави целата штета.

movement helmet

MIPS slip plane овозможува вашата глава да се помести за 10-15 милиметри во било кој правец во случај на удар. Ова го намалува преносот на енергија до вашиот мозок до 40 проценти.

Но нели вашата глава или врат ја прават истата работа?

„Во случај на некоја несреќа која се случува многу брзо, на вашиот мозок му се најважни првите седум до десет милисекунди“, објаснува Шеплајт. „Во моментот на ударот, возачот, кацигата и забрзувањето комбинирани заедно креираат ударна точка која е доволно силна целосно да ви ги зацврсти главата и вратот. Од друга страна, „slip plane“ се уште може да се движи под таа точка и во рамките на тие неколку секунди. “

Back To Top