„Се чувствувам најсилен до сега и навистина сум гладен за победа”- Хорхе Лоренцо

lorenzo-yamaha-motogp-catalunya-02

„Се чувствувам најсилен до сега и навистина сум гладен за победа”- Хорхе Лоренцо

Двете победи по ред во Муџело и Каталуња му дадоа предност од седум поени на MotoGP шампионот Хорхе Лоренцо во однос на Дани Педроса и водство на табелата.

Чувствувајќи се најсилен до сега,  Лоренцо е решен да го одржи притисокот врз возачите на Хонда, Дани Педроса и Марк Маркез.

„Среќен сум по победите во Муџело и Монтмело. Тоа беа две важни победи за мене и за тимот. Бевме во добра форма на последниве две трки и се чувствувам навистина гладен за победи.” изјави Лоренцо.

„Мислам дека во последните две трки направивме големо подобрување на мотоциклот. Асен е мојата омилена патека. Таа е многу брза но исто така ми се допаѓа и околината и амбиентот.”

„Би сакал да ја задржам оваа низа на победи особено по добрите тестови што ги имавме во Барселона и Арагон.”

Трката во Асен минатата година беше најслаба за Лоренцо во таа сезона. Шпанецот излета во првиот свиок уништувајќи го притоа и моторот.

„Се надевам дека сега трката ќе биде многу подобра отколку минатата година”, изјави Вилко Зеленберг. „Минатата година научивме дека ни е потребно и малку среќа за време на трката.”

„Оваа година мораме да бидеме смирени и сметам дека можеме да постигнеме три победи по ред, иако тоа не е лесно. Го имам истото чувство со публиката бидејќи тоа е мојата родна земја.”

Back To Top