Личната патека на Валентино Роси веќе е дом на неколку негови пријатели, а тој често кани и други возачи од moto2 и moto3 шампионатот да тренираат и да се забавуваат на неговиот мото ранч.

motogp-montmelo-2013-conf-09

Личната патека на Валентино Роси веќе е дом на неколку негови пријатели, а тој често кани и други возачи од moto2 и moto3 шампионатот да тренираат и да се забавуваат на неговиот мото ранч.

За време на пресконференцијата пред трката во Барселона, Роси го покани неговиот MotoGP колега Марк Маркез да дојде на ранчот, а поканата ја повторил и на вчерашниот тест во Арагон.

„Неодамна Валентино ме покани но јас не успеав да дојдам. Секако тоа би било интересно,” изјави Маркез за официјалната интернет страна на MotoGP. „Често разговараме за тоа како и каде тренираме помеѓу трките  и доколку постојат шанси ќе отидам таму.”

„Минатата година бевме таму со Колин Едвардс, Корти, Корси и уште неколку италијански возачи. Можеби повторно ќе организираме нешто слично и оваа година. Сеуште незнам кога тоа ќе се случи, но можеби пред Мизано кога Марк ќе биде во Италија,” изјави Роси.

Back To Top