“Овој пат уште од почеток бев многу конкурентен и со голема самодоверба” – Хорхе Лоренцо

99lorenzo aragon record

“Овој пат уште од почеток бев многу конкурентен и со голема самодоверба” – Хорхе Лоренцо
MotoGP шампионот Хорхе Лоренцо продолжи да вози во висок стил и на тестот во Арагон.
Ѕвездата на Јамаха, кој има седум поени помалку од Дани Педроса, беше најдобар и на тестот кој се одржа во понеделникот, после трката во Барселона.
Шпанецот возеше одлично и заврши со предност од 0.358с пред возачот на Хонда,Марк Маркез.
“Денеска бев подобар за разлика од претходно. На оваа патека вообичаено имам многу проблеми. Овој пат уште од почеток бев многу конкурентен и со голема самодоверба.”
“Исто така мислам дека сум во многу добра форма. Би можел да се обидам и да тестирам нови гуми.Тестираме многу малку нешта, но сепак и тоа е подобро отколку воопшто да не тестираме.”
Тимскиот менаџер Вилко Зеленберг додаде: “Тестовите тука се слични како оние во Барселона. Ги пробавме истите работи и тие го дадоа истиот позитивен резултат.”
“Главната цел е да имаме поголема доверба во моторциклот и поголема конзистентност.Мислам дека ги постигнавме и двете работи. Да видиме дали ќе можеме да го искористиме тоа во следните трки.”
Тимскиот колега на Лоренцо,Валентино Роси беше четврти.
Следната трка од MotoGP шампионатот ќе се одржи во Асен.

Back To Top