Во близина на Барселона се наоѓа домот на минатогодишниот MotoGP шампион, Хорхе Лоренцо, а видеото кое го направи неговиот спонзор „Monster Energy“ ни овозможува да ѕирнеме во внатрешноста на прекрасното здание и фантастичната гаража.
Стантерот Рок Багорош успешно закрепнува од повредата на коленото со која се здоби пред два месеци, според динамиката на заздравувањето се очекува да се качи на мотор веќе во февруари.
Новиот Светски шампион, Марк Маркез, на патеката Мотеги во Јапонија присуствуваше на прославата на Хонда за успесите кои тимот ги имаше во 2013 година.
MV Agusta го најави своето враќање во Супербајк шампионатот во соработка со Yakhnich Motorsport, а денеска го објави и тимот со кој ќе се натпреварува во Супербајк и Суперспорт класите.