Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.
Тимот на Repsol Honda од 2017 година ќе започне да ги користи издувите од SC-Project наместо досегашните од Termignoni откако потпишаа технички договор со Италијанската компанија.
Официјално Маверик Вињалес стана возач на Yamaha откако неговиот договор со Јапонскиот производител стапи на сила од 1ви јануари оваа година. Тој го имаше својот прв настап во боите на Yamaha и ги најави своите цели за престојната сезона.
Откако беше откажана етапата која требаше да се вози во саботата, а неделата беше прогласен за слободен ден, учесниците на релито Дакар се вратија на натпреварувањето во понеделникот кога се оддржа седмата етапа од релито.
Возачот на Honda, Кен Рокзен, го исполни ветувањето дека ќе има успешен старт во AMA Суперкрос шампионатот откако оствари доминантна победа на првата трка која се оддржа во Анахајм.