Џек Милер ќе настапи со најновиот мотор на Honda на последниот претсезонски тест со цел тимот да собере што е можно повеќе податоци во пресрет на првата трка од шампионатот.

Џек Милер ќе настапи со најновиот мотор на Honda на последниот претсезонски тест со цел тимот да собере што е можно повеќе податоци во пресрет на првата трка од шампионатот.

Возачот на Estrella Galicia Marc VDS досега настапуваше со постарата верзија на моторот, а оригиналната верзија први ја тестираа Марк Маркез, Дани Педроса и Кал Кратчлоу.

miller nov motor

Сепак откако останатите возачи одлучија да настапат со новата верзија на моторот, наводно откако Маркез побарал да настапува со мотор кој има повеќе сила, Милер вели дека со нетрпение чека да го испроба.

„Се чувствувам навистина добро после тестот во Сепанг и Филип Ајленд и верувам дека со ист стил ќе возам и последниот претсезонски тест во Катар каде што за прв пат ќе ги тестираме најновите спецификации на моторот. Досега тестовите поминаа во најдобар ред, откривме каде треба да се подобриме и чекор по чекор го постигнуваме тоа. На последниот настап на Филип Ајленд завршивме меѓу првите десет возачи.“

„Сега одиме на последниот тест пред стартот на сезоната и целта ни е едноставна, да бидеме подготвени за првата трка од шампионатот.“

На Милер ќе му се приклучи тимскиот колега Тито Рабат кој ќе се врати на патеката по повредата на рамото на првиот тест во Сепанг.

„Во изминативе четири недели се опоравував од повредата. Се уште не сум целосно подготвен но тоа нема да ме спречи да имам продуктивен тест.“

„Целта не ни е да постигнеме најдобро време туку да работиме заедно, да ја вратам самодовербата на мотоциклот и да се осигурам дека сме подготвени за првата трка од сезоната.“

Back To Top