„Тоа е единственото нешто што ме болеше бидејќи не бев компетитивен. Едноставно е. Не бев компетитивен и затоа дојде друг возач. Но начинот на кој го направија тоа..“

Алеш Еспаргаро проговори за болката која ја почувствувал кога преку едeн од механичарите дознал дека Suzuki потишaле договор со Андреа Ианоне. Тој вели дека во новата сезона влегува со нова цел.

Во искрено интервју кое се оддржа после претставувањето на MotoGP тимот на Aprilia, Еспаргаро откри дека се чувствувал многу лошо поради тоа штo бил некомпетитивен на почетокот на 2016 година.

espergaro otkaz

„Многу плачев после загревањето во Катар,“ изјави Еспаргаро за почетокот на минатата сезона. „Никогаш досега не сум плачел поради резултат или поради трка. Но бев очаен. Навистина не уживав.“

Сепак, постариот од браќата Еспаргаро го прифаќа фактот дека Suzuki, тимот кој според него му овозможил да се чувствува како крал во текот на двете сезони кои ги помина кај нив, барале возач кој ќе настапува за нив во сезоната 2017.

Сепак, начинот на кој дознал за тоа му оставил лош впечаток. Кога пристигнал во Муџело за шестата трка од сезоната, Еспаргаро дознал за новиот возач во тимот преку еден од механичарите.

„Тоа ме повреди,“ призна Еспаргаро. „Всушност, во двете години кои ги поминав кај нив се чувствував како крал. Ми обезбедуваа се што ми е потребно.“

„Но последниот дел, начинот на кој го направија тоа...Мислам, во ред е одлуката Ианоне да биде моја замена. Јас не сум шеф на тимот. Но начинот на кој го направија тоа, на половина на шампионатот. Тие разговараа со механичарите пред да разговараат со мене. Според мене, тоа не е коректен начин. Кога имав проблеми никогаш не кажав лоши работи за Suzuki. Никогаш не кажав дека тимот е лош кога не ги завршував трките. Никогаш.“

„Ја тестирав шасијата, испробував се што ќе ми кажеа инжињерите. Затоа и се чувствував лошо. Но, такви се работите. Работите понекогаш не се фер.“

За она попладне во Тоскана кога ја дозна веста, Еспаргаро изјави: „Бев изненаден. Механичарите ми кажаа дека менаџментот имал состанок со нив.“

„Сметам дека тоа не е вистинскиот начин. Тоа е единственото нешто што ми пречеше бидејќи не бев компетитивен. Тоа ми е јасно. Едноставно е. Не бев компетитивен и затоа дојде друг возач. Но начинот на кој го направија тоа...“

Каталонецот сепак ја врати самодовербата и продолжи да се адаптира на новите, предни, пневматици на Michelin во текот на сезоната. До трката во Арагон тој повторно се најде меѓу првите шест возачи а на трките во Јапонија и Австралија се бореше за место на подиумот.

Еспаргаро ја потенцираше желбата да им докаже дека грешат на оние кои сметаат дека Aprilia е далеку од квалитетот што го има Suzuki.

„Многумина ми кажаа дека преминувањето во Aprilia претставува враќање назад за мене. Тоа ми дава огромна мотивација. Напорно тренирав во текот на зимата. Досега имам загубено три килограми во споредба со минатата сезона. Подготвен сум за овој проект кој е пред мене и мислам дека почнавме подобро отколку што многумина очекуваа.“

Back To Top