Иако можеби Хорхе Лоренцо е задоволен од напредокот на инжињерите на компанијата од Болоња, неговиот тимски колега Андреа Довициозо, тестот на Филип Ајленд го напушти незадоволен од машината за 2017 година.

Иако можеби Хорхе Лоренцо е задоволен од напредокот на инжињерите на компанијата од Болоња, неговиот тимски колега Андреа Довициозо, тестот на Филип Ајленд го напушти незадоволен од машината за 2017 година.

dovi 17

Иако го радува фактот дека барем се малку поблиску до најдобрите возачи во споредба со минатата година, сепак смета дека новиот мотоцикл се уште не е доволно компетитивен за да ги направи него и неговиот тимски колега од повремени победници во претенденти за титулата.

„Зависи на кој начин гледаш на тестот, бидејќи ако го споредуваш со минатата сезона, тогаш бев поконкурентен во Малезија и на Филип Ајленд и покрај тоа што оваа патека не ми е омилена. Задоволен сум од тоа, задоволен сум и од напредокот што го постигна тимот. Бевме навистина брзи.“

„Но не направивме многу за да ги намалиме негативните работи кај мотоциклот. Ако ги погледнеме и останатите трки, тогаш немаме направено многу за да бидеме компетитивни на сите патеки. Проблемот не е во брзината. На Филип Ајленд имавме проблем поради високата температура. Во некои делови сме добри но во некои не.“

На само еден месец од стартот на новата сезона, Довициозо смета дека машината нема да претрпи драстични промени.

„Тешко дека ќе имаме промени до Катар, две недели се краток период за да се промени нешто. Мораме да разбереме што треба да направиме за да го подобриме вртењето кај мотоциклот.“

Back To Top