Во авионски хангар во Австрија Хонда го презентираше „Red Bull Honda World Superbike“. Како што може да се забележи од името на тимот, оваа сезона главен спонзор на тимот ќе биде Red Bull, па токму затоа и презентацијата на новите мотори се одржа во хангарот на Ред Бул во Салцбург.
Кејси Стонер постигна одличен резултат на првиот ден од MotoGP тестот во Малезија. Иако само тестира за Италијанскиот тим, со својот настап покажа дека мотоциклот со кој Хорхе Лоренцо ќе се обиде да го освои шампионатот има потенцијал да биде компетитивен дури и без крилца.