Ситуацијата во гаражата на фабричкиот тим на Aprilia оваа сезона ќе биде многу поразлична во споредба со минатата сезона, тврди тимскиот шеф Романо Албесиано.

Ситуацијата во гаражата на фабричкиот тим на Aprilia оваа сезона ќе биде многу поразлична во споредба со минатата сезона, тврди тимскиот шеф Романо Албесиано. Тој вели дека сега откако е потврдено дека мотоциклот е компетитивен, на возачите им е потребна нова стратегија која ќе им одговара на нивниот стил на возење.

aprilia 17 1

Зборувајќи минатата недела веднаш по отворањето на новата фабрика, каде возачите Сем Ловс и Алеш Еспаргаро ги претставија новите униформи, италијанскиот инжињер вели дека тие знаат што треба да направат.

„За нас, 2017 почна поинаку од минатата сезона. Знаевме дека имаме мотоцикл, RS-GP, кој постигна добро натпреварувачко ниво. Промените кои ги направивме се однесуваа на сите аспекти на мотоциклот, од неговата тежина до целокупниот баланс. Исто така подобрени се перформансите на моторот како и електрониката.“

„Тоа ни даде добра почетна основа која сакаме да ја надополниме за да ги постигнеме зацртаните цели. Првите информации се охрабрувачки.“

Целите се повисоки поради серијата на успешни тестови а тимот е задоволен од позитивните резултати кои ги постигна искусниот Еспаргаро.

„На Алеш му се допаѓа новиот мотоцикл и има јасни идеи во однос на тоа каде има најмногу простор за напредок и ние ќе работиме на тие делови во текот на сезоната. Инжињерите вложија голем напор во текот на зимската пауза. Сите се свесни за предизвикот со кој се соочуваме.“

„За време на тестовите бевме во групата на многу компетитивни мотоцикли и возачи каде што целата разлика ја правеа само неколку десетинки. Нашата цел е да се подобриме уште повеќе.“

Back To Top