Шесткратниот Светски шампион во мотокрос, Тони Каироли, извојува двојна победа викендов со што дојде до бројката од 58 Гранд При победи.
Шесткратниот Светски шампион во мотокрос, Тони Каироли, извојува двојна победа викендов со што дојде до бројката од 58 Гранд При победи.
Седмата рунда од МХ шампионатот која се возеше на патеката „Beto Carrero“ во Бразил се покажа како среќна за возачот на Ред Бул КТМ тимот.
Пехарот кој ја носеше ознаката #58 беше кренат високо во воздухот, а Каироли успехот му го посвети на трагично загинатиот Марко Симончели (возеше со бројот 58 н.з.) кој животот го загуби на 23-ти октомври 2011 на патеката Сепанг.
Двајцата италијанци беа долгогодишни пријатели, имаа и заеднички настап на хуманитарната трка „Una gara per Luca“ која имаше за цел да собере средства за млад кросист кој остана парализиран по тежок пад на патеката.
Каироли ќе биде присутен на 2-ри јуни на трката во Муџело каде ќе му го поклони трофејот на Паоло, таткото на Симончели.
Би можело да ве интересира
Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.
Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција.
Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.
Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.
Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија.
Без паника, ова е почеток на едно ново поглавје за култната фабрика од Болоња, но не е и збогум за гласните V2-ки и V4-ки.