Најтрофејниот македонските мотокрос натпреварувач, Гоце Томовски викендов пред себе ќе го има најголемиот предизвик во досегашната богата и успешна кариера.
Најтрофејниот македонските мотокрос натпреварувач, Гоце Томовски викендов пред себе ќе го има најголемиот предизвик во досегашната богата и успешна кариера. На 5 мај, Томовски за прв пат ќе има можност да учествува на натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос на патеката крај Тројан, Бугарија.
Тој е втор наш мотоциклист после Христиан Илиоски кој ќе ја претставува Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на натпревар од највисок мотоциклистички ранг. Илиоски минатата година настапи 3 пати во рамките на светскиот шампионат и успеа да влезе во мотоциклистичката историја како прв Македонец кој освоил место во бодови на трка од светски ранг.
На вториот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос во класата МХ3 во Тројан се пријавени 36 натпреварувачи од 18 држави, а помеѓу нив е и победникот од првиот натпревар годинава кој се одржа во Холандија, Герт Крестинов од Естонија, како и минатогодишниот шампион Матиас Валкнер од Австрија.
Паралелно со најдобрите светски мотокрос учесници од класата МХ3, на 1.652 метри долгата патека ќе се одржи и третиот натпревар од Европскиот шампионат во класите МХ65 и МХ85. Боите на Македонија ќе ги брани 12-годишниот Христиан Станковиќ. Тој има шанса со добар настап да се пробие меѓу најдобрите десет во генералниот пласман од Европскиот шампионат во класата МХ85.
Би можело да ве интересира
Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.
Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција.
Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.
Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.
Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија.
Без паника, ова е почеток на едно ново поглавје за култната фабрика од Болоња, но не е и збогум за гласните V2-ки и V4-ки.