Рајан Вилаполо ја оствари втората последователна победа после одлично извозената четврта рунда на Monster Energy Суперкрос серијата во Оукланд, Калифорнија.
Рајан Вилаполо ја оствари втората последователна победа после одлично извозената четврта рунда на Monster Energy Суперкрос серијата во Оукланд, Калифорнија.
По обезбедувањето на Nuclear Cowboyz holeshot, возачот на Кавасаки своето внимание го насочи кон целната линија со цел да ја оствари својата втора победа во оваа сезона. Победата му помогна на Рајан Вилаполо да се искачи на третото место во генералниот пласман и да заостанува само еден поен помалку од возачот на Хонда, Треј Канард.
На второто место заврши возачот на Rockstar Racing Дејви Милсапс. Откако го помина Џастин Брајтон во третиот круг, Милсапс беше осамен на второто место до крајот на трката и заврши со заостанување од десет секунди позади Вилополо на трката од 20 круга. Конзистентноста на Милсапс ќе му овозможи да ги задржи црвените таблички уште еден викенд додека серијата се враќа во Анахајм за трет и последен пат оваа година.
На третото место заврши возачот на KTM Рајан Дангли кој на почетокот на трката беше на дванаесетото место. За среќа возачот од Минесота го избегна сударот во првиот круг во кој учествуваа возачите на TwoTwo Motorsports Чед Рид, Џејмс Стјуарт од Yoshimura Suzuki и Џастин Барсија од Хонда.
Резултати од трката
1. Ryan Villopoto (Kawasaki)
2. Davi Milsaps (Suzuki)
3. Ryan Dungey (KTM)
4. Trey Canard (Honda)
5. Mike Alessi (Suzuki)
6. Andrew Short (Honda)
7. Matthew Goerke (KTM)
8. Broc Tickle (Suzuki)
9. Vince Friese (Honda)
10. Justin Brayton (Yamaha)
11. Jimmy Albertson (Honda)
12. Chad Reed (Honda)
13. Kyle Chisholm (Yamaha)
14. Les Smith (Kawasaki)
15. Robert Kiniry (Kawasaki)
Генерален пласман во шампионатот:
1. Davi Millsaps, 85
2. Trey Canard, 78
3. Ryan Villopoto, 77
4. Ryan Dungey, 68
5. Chad Reed, 65
6. Andrew Short, 56
7. Jake Weimer, 47
8. Justin Brayton, 42
9. Justin Barcia, 41
10. Matthew Goerke, 39