Бранителот на суперкрос титулата, Рајан Вилопото од Monster Energy Kawasaki тимот направи чекор напред кон освојувањето на поени на трката Анахајм 2.

2anahajm-vilopoto

Бранителот на суперкрос титулата, Рајан Вилопото од Monster Energy Kawasaki тимот направи чекор напред кон освојувањето на поени на трката Анахајм 2.

Тој се проби на првото место до средината на трката и го одржа водството до крајот со што ја забележа својата прва победа оваа сезона. Возачот на Honda Muscle Milk, Треј Канард заврши како втор додека Чед Рид од Two Two Motorsports заврши на третото место.

Сезоната не започна онака како што посакувавме, извозев пристојна трка во Феникс, а тимот направи добри промени на моторот оваа недела. Конечно сме на добар пат и се извлекуваме од дупката во која се наоѓаме. Откако преминав во водство, се обидував само да ги извозам круговите и да возам стабилна трка. Патеката беше навистина лизгава вечерва но сепак се обидов да го забрзувам темпотоизјави Вилопото по трката

На стартотот Канард премина напред, следен од возачот на Rockstar Suzuki Дејви Мислапс на второ место и тимскиот колега на Вилопото, Џејк Веимар на трето. Вилопото кој беше четврти, силно притисна во обидот да се искачи кон врвот, пробивајќи се рано во трката и останувајќи таму се до крајот.  Канард не падна под втората позиција, додека Милсапс го изгуби третото место откако се лизна, овозможувајќи му на Рид да биде трети.

reed-anahaim

Тимскиот колега на Канард, Џастин Барсија имаше тешка вечер обидувајќи се да се квалификува на главната трка за потоа да се откаже од трката поради здравствени причини. Возачот на Yoshimura Suzuki  Џејмс Стјуарт, кој возеше со повреда и кој очигледно имаше болки за време на трката заврши на дванаесетото место.

stewart-injury

Милсапс и понатаму е прв во генералниот пласман со три поени предност пред Канард кој е втор. Рид премина на третото место, а Вилопото имаше голем скок од седмото на четвртото место благодарение на победата. Дангеј останува петти, а зад него е Џејк Веимар кој е шести.

Меѓу другото, во една неочекувана вест пред почетокот на трката, ветеранот Кевин Виндхам објави дека се пензионира.

Резултати од трката
1. Ryan Villopoto (Kawasaki) 
2. Trey Canard (Honda) 
3. Chad Reed (Honda) 
4. Davi Millsaps (Suzuki) 
5. Jake Weimer (Kawasaki) 
6. Ryan Dungey (KTM) 
7. Andrew Short (Honda) 
8. Justin Brayton (Yamaha) 
9. Matt Goerke (KTM) 
10. Josh Grant (Yamaha) 
11. Broc Tickle (Suzuki) 
12. James Stewart (Suzuki) 
13. Weston Peick (Suzuki) 
14. Mike Alessi (Suzuki) 
15. Kyle Chisholm (Yamaha) 

Генерален пласман во шампионатот по извозени 3 трки: 
1. Davi Millsaps, 63 
2. Trey Canard, 60 
3. Chad Reed, 56 
4. Ryan Villopoto, 52 
5. Ryan Dungey, 48 
6. Jake Weimer, 47 
7. Andrew Short, 41 
8. Justin Barcia, 40 
9. James Stewart, 36 
10. Josh Grant, 32

Back To Top