Милсапс, кој беше убедливо најдобар на првата трка која се одржа во Анахајм, Калифорнија минатата недела, со својот RM-Z450 мотор заврши како трет, но останува лидер во генералниот пласман со 45 бода.

asx2millsaps2

Милсапс, кој беше убедливо најдобар на првата трка која се одржа во Анахајм, Калифорнија минатата недела, со својот RM-Z450 мотор заврши како трет, но останува лидер во генералниот пласман со 45 бода

Мотоциклистот на Rockstar Energy Racing Suzuki, Дејви Милсапс jа задржа водечката црвена табличка во шампионатот  AMA / FIM World Supercross со освоеното трето место во втората трка, Phoenix Supercross, која се одржа минатата сабота во Arizona.

asx2millsaps3

Милсапс, кој беше убедливо најдобар на првата трка која се одржа во Анахајм, Калифорнија минатата недела, со својот RM-Z450 мотор заврши како трет, но останува лидер во генералниот пласман со 45 бода, 6 повеќе од возачот на Honda Џастин Барсиа кој победи на трката од 20 круга пред 50000 обожаватели на стадионот Чејс Филд.

„Колку само лошо ми почна денот. Завршувајќи на третото место е навистина добро. Ќе биде добро ако најлошите денови ми се вакви, а најдобрите како минатиот викенд“изјави Милсапс по трката

За време на тренингот, Милсапс не беше толку сигурен како што беше минатата недела во Калифорнија. Кога започна квалификационата трка, тој заборави на настаните во текот на денот и заврши на второто место, освојувајќи добра позиција пред стартот на главната трка.

asx2anderson1

Кога групата излезе од првиот свиок во главната трка од 20 кругови, Милсапс имаше проблеми, но продолжи да се бори и да врши притисок на лидерите на трката.

Следната рунда од Суперкрос шампионатот се вози на 19 јануари во Анахајм, Калифорнија.

Back To Top