ФИМ ги објави последните промени на предложениот календар на трки за 2008. Трките во Валенсија и Португалија се преместени за една недела порано, трките во Јапонија и Австралија си ги заменија закажаните термини. Во продолжение ќе го погледнете новиот календар.
Кејси Стонер ја извојува десеттата победа во сезоната, и со тоа остана непоразен откако ја освои титулата пред две трки. Меландри ја заврши трката на второто место и покрај проблемите со цевчето од водата за пиење кое било дупнато па водата му прскаше во очите. Дени Педроса се пласираше на третото место.
Американскиот Супербајк шампион Бен Спиз е навистина блиску до возење на последната трка во МотоГП преку вајлд карта. Сузуки потврди дека Американецот ќе тестира за нив по Малезиското Гранд При. Спиз има 23 години и минатиот месец го победи тимскиот колега Мет Младин при што ја обезбеди втората последователна титула во АМА натпреварувањето.