Макс Бијаџи го тестираше Pramac MotoGP моторциклот, а од Ducati изјавија дека тоа не е ништо повеќе од еден обичен тест.

max-biaggi 02 original

Макс Бијаџи го тестираше Pramac MotoGP моторциклот, а од Ducati изјавија дека тоа не е ништо повеќе од еден обичен тест.

Бијаџи, 41 година, се пензионираше од Супербајк серијата во 2012 година откако по втор пат го освои шампионатот. Поголем дел од поранешните светски шампиони по завршувањето на кариерата се враќаа на мото трките но само за да помогнат при развојот на мотоциклот. Бијаџи е последниот кој се приклучува на тоа друштво.

Ducati тврдат дека овој тест е само поради барањето на Бијаџи да го вози GP13 и дека тоа само се совпаднало со отсуството на тимскиот возач Бен Спиз кој во моментов е повреден.

„Поради почитта која Ducati ја има кон него и блиските односи со Паоло Чиабати, кога се појави можноста да се тестира во Муџело, се состанаа и одлучија да му дадат шанса да тестира неколку денови на мотоциклот на Спајс,” изјави Џулијан Томас, прес менаџерот на MotoGP.

Во меѓувреме, тест возачот на Ducati, Мишел Пиро, ќе биде замена за Спиз на трката во Каталуња. 

Back To Top