„Дукати ќе бидат подобри и ќе победат, а јас сакам да бидам тука во тој момент,” Ники Хејдн.

hejdn-m-1

„Дукати ќе бидат подобри и ќе победат, а јас сакам да бидам тука во тој момент,” Ники Хејдн.

После пет трки од сезоната 2013, Ники Хејдн се наоѓа на седмото место на табелата а на последните две трки беше меѓу најдобрите шест возачи.

Но бидејќи сегашниот Desmosedici е малку променет во споредба со минатата година, сите погледи се вперени кон новиот моторцикл кој го развива тест возачот Мишел Пиро.

Хејдн, кој исто како и тимскиот колега Андреа Довициозо го има тестирано моторциклот, смета дека треба да се направат поголеми промени.

„Искрено, сметам дека немаме направено толку големи подобрувања колку што се надевавме,” изјави Хејден за Crash.net. “ Во моментов, времето кое му е потребно на тест мотоциклот да помине еден круг е слично со времето кое го постигнува актуелниот моторцикл. Би кажал дека не сме напреднале онолку колку што се надевавме.”

Купувањето на Дукати од страна на Ауди минатата година предизвика бранување во мото заедницата, но и покрај тоа што има промени во Дукати, уште работа ги чека Германските сопственици.

„Многу работи се променети. Различно е но неможам да кажам дека нешто до сега ме изненади. Потребно е повеќе време.Неможете да промените неколку работи и да почнете да победувате на трките.”

Договорот на Хејдн со Дукати истекува на крајот на оваа година па затоа се појавија и шпекулации во врска со неговите идни планови. Американецот потврди дека негов приоритет е останување во Дукати бидејќи гледа потенцијал во моторциклот:

„Го сакам тимот и го сакам Дукати. Мислам дека ќе бидеме подобри и дека ќе победиме па би сакал да останам тука. Мојата цел е да останам во MotoGP.”

Back To Top