Заборавете на скапи автомобили и удобни мотори, французинот кој моментално е трет во генералниот пласман во MotoGP шампионатот на покана на својот тим оваа недела од својот дом во Јужна франција возел со Ducati SS Darmah од 1981 година до патеката во Арагон, Шпанија.
„Идејата беше на тимот, тие го планирале ова со месеци, појасни Зарко. Тие требаше да тргнат од Италија, преку Алпите да го соберат Џек и да стигнат до Арагон. Ама Џек им откажал, и им реков дека можам јас да им се приклучам затоа што поминуваат блиску до мојот дом.
Кога го опишуваше патувањето Зарко рече: 950 километри на стариот дукати, беше добро. Првиот ден возев 200 км до првиот хотел каде се најдовме со останатиот дел од тимот кој тргна од Италија. Забавно беше првата вечер. Ноќта во хотелската гаража се јави и првиот проблем, ама не на мојот мотор туку на едно BMW. Срамота, некој дошол со BMW и имаше проблем. Работеа до 1 по полноќ и го поправија, јас си легнав порано.
„Вториот ден возевме подолго, 500 км. Бевме 7 и пол часа на мотор. Ми беше долго, ама беше забавно, беше авантура. Последните 200 км во Шпанија беа лесни, го знаевме патот, имаше долги правци со малку кривини на кои мораше да се вози навистина брзо за да уживаш во нив. За жал групата не возеше доволно брзо за да ужива, ама се беше супер на крај.
„Морам да признаам, на почетокот бев загрижен. Кога го земав овој мотор направив 30 километри за да го донесам дома и толку. Ама кога ќе речам дека нешто правам, го правам. Бев загрижен на почетокот, но по првите 200 км насмевката ми се врати на лицето. Бев многу радосен дека немам проблеми, понесов со мене масло ама не го употребив, не ни знаев како да го котролирам маслото на овој мотор, ама можев да ја завршам турата.
„Нема да се вратам со него после викенедов. Групата се враќа до Барселона и потоа одат со брод. Да бев со Мултистрада, ќе си појдев во недела вечер директно дома, со неа е лесно, но со овој стар мотор не.”
Зарко е на само 4 поени зад второпласираниот актуелен шампион Жоан Мир. Викендот во Арагон започнува денес.