MotoGP

Педро Акоста се сели во Moto2

Новајлијата и моменталниот лидер во Moto3 категоријата, шпанецот Педро Акоста следаната година се сели во Moto2 категоријата. 

Следете нè на:

Новајлијата и моменталниот лидер во Moto3 категоријата, шпанецот Педро Акоста следаната година се сели во Moto2 категоријата. 

acosta ajo

Не дека не беше очекувано, особено по брилијантниот старт на сезоната со неколку победи и спектакуларни подиуми, шпанецот Педро Акоста сега и официјално следната сезона се сели во Moto2 тимот на Red Bull KTM Ajo. До него во тимот ќе биде и Аугусто Фернандез. 

Педро и Аугусто ќе ги заменат Реми Гарднер и Раул Фернандез кои се селат во најсилната класа, MotoGP. Тие во моментов се на врвот во Moto2 шампионатот а следната година влегуваат во Tech3 KTM тимот.  

Акоста, со своите 17 години веќе има остварено 5 победи со Red Bull KTM Ajo, а актуелнава сезона по се изгледа ќе стане единствена во историјата на Moto3 натпреварувањата. Тој во моментов има 46 поени предност пред Сеџо Гарсија. 

Би можело да ве интересира

За сите кои не се подготвени да се откажат од спорскиот дух на својот мотор, ама сепак се подготвени да истераат некоја сериозна тура сега постои уште една понуда. Suzuki го претстави новиот GSX-S1000GT кој е базиран на освежениот GSX-S1000. 

Не гледаме секој ден радикално нови концепти на дизјн на мотори, а уште поретко гледаме концепти кои се вистински а не само некоја компјутерска визија. White Motorcycle Concepts стои на втората страна и ова лето храбо претстави комплетно нов концепт кој ги остави сите без здив.

Бонд, Џејмс Бонд. 900, Тајгер 900, Триумф Тајгер 900. Најголемиот британски производител на мотори ја слави својата континуирана соработка со оваа филмска франшиза со новата верзија наречена Triumph Tiger 900 Bond Edition

Врвна технологија и најдобри перформанси во бројки е она што ја зголемува продажбата на супер спортските мотоцики. Но, да бидеме реални, мотор се купува и со срце, еднакво колку што се купува на база на бројки. А тоа понекогаш може да значи и само да ти легне бојата на моторт и да знаеш дека едноставно мора да го имаш.

Франко Морбидели потврди дека постигнале договор со фабричкиот тим на Јамаха за до крајот на 2023 година. 

Убави инфорамции доаѓаат од CFMOTO Македонија. На 25.09, сабота, со почеток во 09.00ч. во Скопје тие организираат тест возење на сите модели кои се достапни во продажниот салон.
Реклами

Листа на мото настани

  • 25 Септември 2021 - 25 Септември 2021
  • Спортски аеродром Аџитепе

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.