MotoGP

Вињалес: Знаев дека можам да победам

Маверик Вињалес вели дека уште на трката во Каталонија знаел дека има потенцијал да победи на Гран При трката на Холандија.

Следете нè на:

 

Маверик Вињалес вели дека уште на трката во Каталонија знаел дека има потенцијал да победи на Гран При трката на Холандија.

Маверик Вињалес вели дека уште на трката во Каталонија знаел дека има потенцијал да победи на Гран При трката на Холандија. Возачот на Monster Yamaha се одбрани од нападите на Марк Маркез и успеа да стигне до првата победа по онаа која ја постигна во Австралија во 2018 година. Ова преставува голем успех за Шпанецот, кој само оваа сезона поради грешки на други возачи не заврши три трки.

Последниот од тие инциденти се случи во Монтмело кога Вињалес беше дел од инцидентот кој го предизвика Хорхе Лоренцо. Покрај нив двајца, трката не ја завршија Валентино Роси и Андреа Довициозо. Ова многу го изнервира Вињалес кој после трката изјави дека имал добри шанси да стигне до победа.

Победата во Асен, како што вели Вињалес се должи на добрата подготовка уште на трката во Каталуња.

Vinales Asen Txt 01 07

„Монтмело беше местото на кое навистина верував дека можам да дојдам до победа. Сметав дека мотоциклот е подготвен да се обидеме да дојдеме до победа“ , вели Вињалес.

„Веќе уште од петокот се чувствував добро на мотоциклот. Дадов се од себе но направив и многу грешки за време на трката. Загубив драгоцени секунди во однос на најбрзите возачи и се обидов да ги вратам најбрзо што можам. “

„Не можев веднаш да ги претекнам возачитe на Honda бидејќи тие се навистина брзи. Но успеав да го најдам потребниот ритам и се обидoв максимално да го искористам тоа. Тимот работеше навистина добро и овој резултат не е само моја заслуга. Сакаме да уживаме во моментот но знаеме дека треба да продолжиме да работиме напорно.“

Вињалес вели и дека беспрекорниот викенд, од почеток до крај, му дал одлична основа за резултатот кој го постигна.

„Конечно успеавме да немаме никаков проблем од петок до недела и сметам дека тоа е најважно“, вели Вињалес. „Во петокот и саботата завршивме одлична работа со подготовка на мотоциклот. Бевме одлични на квалификациите и знаев дека ако стартувам од првиот ред имам шанси за победа.“

„Очекував да имам поголем притисок од останатите возачи но се борев само со тројца од нив. Во последните десетина круга знаев дека имам потенцијал да стигнам до победата. Но навистина сметам дека она што е најважно е што немавме никаков проблем во текот на целиот викенд.“

Вињалес во моментов е на седмото место во генералниот пласман но заостанува само два поени зад Фабио Куартараро. Разликата со неговиот тимскиот колега, Валентино Роси изнесува седум поени во корист на Италијанецот.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

Kawasaki полека ни открива нови информации околу нивниот „supercharged“ мотоцикл.

Маверик Вињалес вели дека има неверојатно чувство со мотоциклот и на трката која ќе се вози во Јапонија, ќе продолжи да се бори за подобар пласман.

Андреа Довициозо и Данило Петручи до крајот на сезоната имаат за цел да постигнат што е можно подобар пласман.

„Не сме задоволни од последните резултати и во Мотеги ќе испробаме други опции“ - Валентино Роси

Јохан Зарко се враќа во MotoGP и во последните три трки од сезоната ќе вози за LCR Honda.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.