Марк Маркез одлучи да не се бори за победа на Холандската Гран При трка но и покрај тоа ја зголеми предноста на табелата.

Марк Маркез вели дека намерно одличил да се откаже од борбата за победа на Холандската Гран При трка. Сепак, и покрај тоа Шпанецот ја зголеми предноста на табелата.

Возачот на Repsol Honda заврши на второто место веднаш зад Маверик Вињалес од Monster Yamaha, и сега ја зголеми предноста во однос на најблискиот ривал Андреа Довициозо на 44 поени.

Маркез, кој беше дел од групата на тројца возачи која во поголем дел од трката се бореше за првото место, вели дека откако му станало јасно дека ќе освои едно од местата на подиумот одлучил да не го предизвика Вињалес.

Marquez Asen txt 01 07

„Денеска кога ја почнав трката знаев дека не можам да се борам за победа. Понекогаш морате да ја промените стратегијата и да заборавите на победата“ , призна Маркез. „Најдобра опција за мене на оваа трка беше да настапам со меки пневматици.“

„Кога видов колку е брз Маверик веднаш ми стана јасно. Го следев два круга но премногу ризикував додека го правев тоа. Но вчера си реков себеси дека Куартараро заостанува од нас 89 поени а Маверик 100 поени. Тоа постојано ми се вртеше низ глава.“

Актуелниот шампион е среќен што успеал да ја зголеми предноста во однос на неговите ривали, на патека која очекувал да има проблеми.

„Мојата цел за оваа трка беше барем 15 круга да се борам со возачите на Yamaha. Знаев дека во последните круга ќе имам проблеми. Целта ми беше да направам разлика во однос на Довициозо и Морбидели.“

Маркез продолжува со одличниот настап и оваа сезона. На речиси сите трки, освен на трката во Остин, Шпанецот заврши на една од првите две позиции.

Back To Top