MotoGP

Асен: Роси: Извинете, направив грешка

Холандскиот MotoGP викенд заврши неуспешно за Валентино Роси.

Следете нè на:

 

Валентино Роси и Такааки Накагами имаа многу среќа што завршија без никаква повреда по сериозниот инцидент кој го имаа во првите етапи од трката во Асен. Во обид да ја подобри позицијата откако стартуваше од четиринаесетото место, Роси загуби контрола над предниот дел од мотоциклот при обид да го претекне возачот на Honda. Веднаш потоа двајцата возачи завршија надвор од патеката.

Веднаш по падот, Накагами имаше проблеми да стане но подоцна беше потврдено дека тој ќе може да настапи на трката која следната недела ќе се вози во Германија.

„Имав добар старт, се обидов да ги следам возачите кои беа пред мене а потоа се борев со Кал, Џек и Валентино“, изјави Накагами.

„Валентино ме претекна во свиокот број 1 а потоа јас го претекнав во свиокот број 2. Потоа, во свиокот број 8 се обиде повторно да ме претекне. Видов кога загуби контрола над мотоциклот но немав време да реагирам и се судривме. “

„Ова беше голема несреќа но барем сум благодарен што немав никаква повреда. Речиси и да не запрев кога се удрив во заштитната ограда.“

Rosi Asen txt 1 01 07

Роси веднаш ја провери состојбата на Накагами и му се извини.

„Проблемот настана кога се обидов да го претекнам Накагами при влегување во свиокот број осум. Сепак, бев малку надвор од линијата на движење, загубив контрола над предниот дел и се удрив во Накагами.“

„Сакам да се извинам бидејќи направив грешка. Падот беше тежок и голема среќа е што двајцата завршивме без никаква повреда.“

За Роси ова беше трета трка по ред како не ја завршува.

„Три неуспеси по ред е голема штета особено што Муџело, Барселона и Асен се три од моите омилени патеки.“

„Ова е и голема штета за шампионатот но мораме да најдеме нешто за да бидеме побрзи бидејќи ова беше тежок викенд. Тука немав среќа но многу поголем проблем е тоа што бев бавен.“

„Не знам дали е до стабилноста на мотоциклот но на брзите делови од патеката тој е многу тежок и не се чувствувам многу удобно.“

„Вообичаено на оваа патека сум добар и затоа сметам дека ми треба нешто поинакво.“

Сепак, Роси вели дека тимот успеал да најде нешто кое ќе го подобри неговиот настап и дека планира тоа да го испроба во Германија.

„Денеска го модификувавме мотоциклот и тој беше добар за тркање. Веќе бев многу побрз отколку на тренинзите“ , изјави Роси.

„Добро е што следната недела ќе се одржи трката во Заксенринг бидејќи мислам дека најдовме нешто кое ќе не направи компетитивни. Ќе видиме што ќе се случи во Германија.“

Rosi Asen txt 2 01 07

За разлика од Роси, неговиот тимски колега Маверик Вињалес, стигна до првата победа за Yamaha оваа сезона. Дебитантот од тимот на Petronas, Фабио Куартараро исто така се најде на подиумот откако го освои третото место.

„Ова е одличен резултат за тимот и среќен сум за Yamaha. Маверик ја заслужи победата бидејќи уште од петокот наутро возеше добро“, изјави Роси.

Во моментов Роси се наоѓа на петото место во генералниот пласман и е најдобриот возач на Yamaha. Сепак, сега тој има предност од само пет поени пред Куартараро.

Последен пат кога Роси не успеа да заврши три трки по ред беше во 2011 година кога беше дел од тимот на Ducati.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Фабио Куартараро вели дека следната етапа од неговата MotoGP кариера е да има добра борба со Маркез и Роси.

Алваро Баутиста ја започна втората трка во Лагуна Сека но се повлече после еден круг поради болки во рамото.

Џонатан Реа победи на Tissot-Superpole трката која се возеше во Лагуна Сека. На втората трка од WorldSBK на која победи возачот ка Ducati, Чез Дејвис, Реа заврши на втората позиција.

Серез ќе добие нов асвалт, а во Македонија не се ни спомнува изградбата на тркачка патека од која бенефит би имале сите.

Ова не е стандарниот модел на кој сите сме навикнати.

Помеѓу фотографиите, гласините и веќе потврдените модели, не може со прецизност да се каже точно кои мотоцикли би можеле да ги очекуваме на пазарот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.