(Време на читање: 1 - 2 минути)


Валентино Роси вели дека ја одбил можноста да настапи во F1 шампионатот бидејќи немало уште од самиот старт да вози со фабричкиот болид на Ferrari.

Валентино Роси откри дека бил многу блиску да го напушти MotoGP и да премине во Формула 1 шампионатот. Сепак, вели дека одлуката на Ferrari да не му дозволи уште од самиот старт да настапи со фабричкиот болид го натерало да ја промени одлуката.

Во периодот помеѓу 2004 и 2010 година, Италијанецот имаше серија на тестови со болидот на Ferrari. Во истиот период се појавија и шпекулации дека целосно ќе премине во Формула 1 серијата. Роси тогаш имаше резултат кој беше само за една секунда побавен од времето на седумкратмиот шампион, Михаел Шумахер. Како што вели инжинерот на Ferrari, Луиџи Мацола, Шумахер бил импресиониран од настапот на Италијанецот.

„Мислам дека најмалку седум пати работевме заедно со Роси“, изјави Мацола. „Првиот тест не беше најуспешен но после тоа работите почнаа да се подобруваат. Се сеќавам дека еднаш кога заедно со Шумахер ги погледнавме податоците на Роси, тој беше навистина импресиониран. “

hamilton rosi

Во декември минатата година, Роси повторно настапи со Формула 1 болид, овој пат со машината на Mercedes, W07. Во интервју за италијанскиот весник Gazetta dello Sport, Роси изјави дека бил подготвен да премине во Формула 1, но дека сакал да настапи за Италијанскиот тим. Сепак, како што вели Роси, Ferrari не биле подготвени на вакво нешто.

„Имав неколку тестови со Ferrari и кога седнавме да разговараме со менаџментот, тие побараа да настапам со помалку конкурентен болид. Првично сакаа да бидам тест возач. Затоа одлучив да не ја прифатам нивната понуда.“

Но со оглед на резултатот кој го постигна Роси во MotoGP, одлуката која ја донесе беше исправна. До крајот на декадата освои седум титули. Во истиот период, успехот на Ferrari, за кој настапуваа Шумахер и Баричело, почна да се намалува.

Ние никогаш нема со сигурност да знаеме дали Роси ќе беше успешен во Формула 1 шампионатот.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: