Првиот човек на LCR Honda, Лусио Чекинело, вели дека постојаните падови на Кал Кратчлоу го чинат тимот милиони долари.

Првиот човек на LCR Honda, Лусио Чекинело, вели дека тимот има специјален буџет од еден милион долари за да се покрие штетата од постојаните падови на Кал Кратчлоу. Сепак, инсистира дека е среќен што Британецот е дел од тимот.

Кратчлоу, за кого ова ќе биде десетта и можеби последна сезона во MotoGP, во 2020-та година ќе вози со RC213V кој ќе има најнови спецификации. Во текот на досегашната кариера во премиерната класа, постигна три победи а вкупно 19 пати се искачи на подиумот.

Осум сезони завршуваше меѓу најдобрите десет возачи а најдобра година му беше 2013-та кога заврши на петото место во генералниот пласман.

Сепак, низ годините тој стана препознатлив и по големиот број на падови. Почнувајќи од 2013-та, Кратчлоу има 115 падови во текот на тркачките викенди. Со овој резултат се наоѓа на второто место веднаш зад Марк Маркез кој има паднато дури 120 пати. Најголем дел од овие инциденти се случија откако премина во LCR Honda.

 DSC3197

Чекинело вели дека воопшто не е загрижен бидејќи имаат голема корист од тоа што Кратчлоу е дел од екипата.

„Понекогаш се случуваат падови“, изјави Чекинело за GPOne. „Доколку нема премногу несреќи, тогаш само неговиот буџет изнесува помеѓу 600,000 и 1,000,000 долари годишно.“

Чекинело вели и дека понекогаш, Кратчлоу знае да западне во некоја неволја само поради тоа што го зборува. Како пример ги наведе последните изјави за Алекс Маркез.

„Тој е посебен, искрен човек. Но таа искреност понекогаш знае да му предизвика проблеми.“

Дали Кратчлоу ќе се пензионира во 2020 година?

Сите погледи сега се насочени кон Валентино Роси и дали тој ќе се повлече од натпреварувањето по завршувањето на сезоната 2020. Многумина пак сметаат дека поголеми се шансите Кратчлоу пред него да ја заврши кариерата.

Британецот веќе неколку пати спомна дека повредите го натерале да размислува на пензионирање, пред се истегнувањето на лигаменттие во 2018 година.

Покрај ова, тешко е да се замисли во кој тим би можел да премине во 2021 година. Не успеа да премине во фабричкиот тим на Repsol Honda а се чини и дека нема премногу тимови кои се заинтересирани за неговите услуги.

Во LCR се задоволни од неговите настапи и доколку сака сигурно би можел да продолжи да вози за нив. А после раѓањето на неговата ќерка, можеби ќе сака помирен живот а секако тука е и опцијата да стане тест возач.

Back To Top