Шефот на Aprilia, Масимо Ривола, го нарече новиот мотоцикл на тимот „многу амбициозен проект“.

Шефот на Aprilia, Масимо Ривола, вели дека новиот мотоцикл на тимот преставува многу амбициозен проект со оглед на големиот број на промени кои ќе ги има машината. Новиот RS-GP ќе се обиде да ја намали разликата во однос на останатите мотоцикли.

И покрај пристигнувањето на КТМ во премиерната класа, тимот се мачеше изминатава сезона. Извршниот директор на екипата, Масимо Ривола, сега очекува големи промени внатре во тимот.

А со неговото пристигнување, главниот инжинер на екипата, Романо Албесиано, ќе може целосно да се фокусира на најновиот мотоцикл.

Развојот се фокусира на моторот и интеграцијата на новиот електронски пакет. Според информациите, V4 моторот треба да обезбеди поголема максимална брзина но и подобро моторно сопирање. Најновата машина на Aprilia, сигурно ќе ги привлече погледите на сите кои ќе бидат дел од официјалниот тест во Сепанг.

Со оглед на тоа дека Aprilia ги пропушти тестовите во Херез и Валенсија, Ривола вели дека тимот е во трка со времето за пакетот да биде подготвен за стартот на сезоната 2020.

„Пред нас има амбициозен проект. Знаеме дека не сме толку добри колку нашите ривали но сме големи оптимисти во однос на иднината. Минатата сезона беше добра за нас и покажавме добри перформанси. Сакаме да продолжиме по истиот пат и оваа година.“

„Во февруари во Малезија ќе го преставиме новиот мотоцикл. Морам да признаам дека станува збор за амбициозен проект. Мислам дека имаме многу да учиме. Нашите ривали се подобруваат во одредени сегменти но ние имаме нов мотор, електроника и уште неколку други работи. Затоа ќе ни треба малку време да се прилагодиме.“

 DSC3066 copy copy copy

Алеш Еспаргаро е задоволен од промените. Претходно, тој изјави дека е фрустриран од фактот дека Aprilia го одложи официјалното преставување се до февруари. Тоа пак значи дека ќе помине малку време со новиот RS-GP на патеката.

Еспаргаро досега успеваше да го извлече максимумот од инфериорната машина на Aprilia. Најдобар пласман минатата година му беше седмото место во Арагон. Андреа Ианоне пак ја освои шестата позиција на патеката во Филип Ајленд. Шпанскиот возач сепак се надева дека со новиот мотоцикл, ќе има многу подобри резултати во 2020-та година.

„Во тимот пристигнаа неколку нови инжинери, двајца луѓе кои се задолжени за аеродинамиката како и уште едно лице кое ќе работи на рамката“, изјави Еспаргаро минатиот месец. „Шест лица се приклучија на проектот и сите со себе ќе донесат нови идеи. Тие ќе помогнат нашиот технички тим да биде уште подобар.“

„Затоа несмее да има никакви оправдувања. Минатата година тоа ни недостасуваше. Се надевам дека новиот мотоцикл но и новите луѓе ќе ни помогнат следната година да постигнеме поголем успех.“

„Но ќе мораме да бидеме трпеливи бидејќи покрај Ривола, тимот претрпе уште неколку големи промени. “

„Се надевам дека новиот мотоцикл кој ќе пристигне во Малезија ќе биде многу подобар. На тимот веќе му кажав тој да стигне што е можно порано бидејќи ќе имаме само шест дена тестови пред да се оддржи тркачкиот викенд во Катар.“

Aprilia има уште еден проблем. Андреа Ианоне се соочува со забрана за настап во сезоната 2020. Италијанскиот возач беше позитивен на допинг тестот кој му беше направен по завршувањето на Малезиската Гран При трка минатата година. Сега тој го очекува резултатот од B примерокот. Доколку и тој биде позитивен, Aprilia би можел да се насочи кон Бредли Смит или Карел Абрахам, кој неодамна беше отпуштен од Avintia Ducati.

Back To Top