За големиот број на фанови на Валентино Роси, загрижувачки е стартот на сезоната 2019.

За големиот број на фанови на Валентино Роси, загрижувачки е стартот на сезоната 2019. Уште од времето кога настапуваше за Ducati, Италијанецот не се соочил со толку многу проблеми на првите девет трки од сезоната.

После трката во Франција во 2018 година, Роси започна со постигнување на добри резултати и беше подобар од тимскиот колега Маверик Вињалес и Јоан Зарко. После таа трка, тој освои четири места на подиумот и ја зацврсти втората позиција во генералниот пласман.

Оваа година работите се сосема спротивни. После променливиот настап за време на претсезонските тестови, Роси ја заврши првата трка со заостанување од 0,5 секунди зад победникот Андреа Довициозо. На втората позиција заврши и на трките кои се возеа во Аргентина и Остин.

Но после тие неколку трки, формата на Роси почна да оди по надолна линија. Трките во Херез и Ле Ман ги одбележа слабиот настап за време на квалификациите. Муџело и Асен, патеки на кои Италијанецот во минатото имаше одличен настап, беа огромно разочарување.

Rosi txt 1 01 08

Промена имаше само на трката која се возеше во Барселона. Но дури и таму неговиот настап траеше само два круга, благодарение на грешката која ја направи Хорхе Лоренцо.

Но она што е поинтересно е настапот и брзината кои ги имаат неговиот тимски колега Маверик Вињалес и дебитантот Фабио Куартараро по Италијанската Гран При трка. Шпанецот стигна до првата победа за тимот на патеката во Асен а веднаш потоа следуваше и второто место во Заксенринг. Голем напредок има и Куартараро кој успеа да стигне до две места на подиумот и три пол позиции.

Добриот настап кој го имаше Роси на почетокот на сезоната, брзо исчезна. Во Заксенринг беше за 20 секунди побавен во споредба со минатата година и со големи проблеми стигна до осмото место.

„Мислам дека на мотоциклот му се потребени поинакви сетинзи во споредба со минатата година“, изјави Роси по завршувањето на трката во Заксенринг. „Се чини дека на мојот но и на мотоциклот на Франко се потребни поинакви сетинзи.“

Rosi txt 2 01 08

И покрај тоа што е повозрасен од останатите возачи, Роси вели дека тоа не преставува никаков проблем. „Мораме да најдеме начин да го подобриме мотоциклот. Ако денеска сум брз како минатата година а завршев на осмото место, тогаш можеби ќе си кажете дека е време да се повлечам. Но јас сум за 20 секунди побавен од резултатот кој го постигнав минатата година, не пред пет години. Но се чувствувам добро и сум концентриран. “

„Не треба да се откажуваме. Вистина е дека сум стар, но бев стар и минатата година. Но искрено не сметам дека треба да се повлечам. За тоа воопшто не сум загрижен.“

Мотоциклот на Yamaha претрпе неколку промени во текот на годината. Роси доби нов издув пред стартот на Гран При трката на Каталонија. На трката во Брно за прв пат имавме можност да видиме што ќе ни престави Yamaha во сезоната 2020. Роси сега се надева дека овие промени повторно ќе го вратат во борбата за првото место и ќе заврши серијата без победи која трае веќе две години.

Back To Top