„Фабио заслужува следната година да настапи со фабрички мотоцикл“, вели шефот на тимот Разлан Разали

Откако ги надмина проблемите кои ги имаше на почетокот на сезоната, Фабио Куартараро дојде дојде до пет старта од првиот ред, два подиума и два најбрзи круга. Сето ова тој го постигна за само шест трки. Поради проблеми со мотоциклот не ја заврши трката која се возеше во Хереа а во Заксенринг ја направи првата грешка оваа сезона. Сепак, Французинот успеа да се искачи на осмото место во генералниот пласман.

Оваа сезона Куартараро има одличен настап и во моментов се наоѓа на лидерската позиција меѓу дебитантите, и покрај тоа што настапува со М1 кој има послаби спецификации.

Иако Petronas за Франко Морбидели успеа да обезбеди мотоцикл каков што имаат официјалните возачи на Yamaha, Маверик Вињалес и Валентино Роси, првите луѓе на тимот сметаа дека мотоциклот со послаби спецификации ќе биде добар за Куартараро, со оглед на тоа дека ова му е прва година во серијата.

Првично, дваесет годишниот возач требаше да настапи со М1 од минатата сезона, уште наречен и „B  spec “, но сепак во текот на зимата тој доби подобрување во форма на  „A-spec“.

Quartararo txt 1 30 07

Куартараро го има истиот мотор и шасија како и останатите возачи на Yamaha. Сепак, неговиот мотоцикл има понизок лимит на вртежи (помеѓу 500-1000rpm). Тука  е и стандардната суспензија како и постара аеродинамика.

Иако шефот на тимот, Разлан Разали изрази сомневање дека во текот на сезоната може да дојде до подобрување на мотоциклот на Куартараро, сепак вели дека следната сезона 20 годишниот возач заслужува да настапува со ист мотоцикл како и неговиот тимски колега Франко Морбидели.

„Она што Фабио го направи оваа сезона е едноставно неверојатно“, вели Разали.

„Не сакаме да правиме никакви промени бидејќи тој едноставно ужива. Едно нешто што знам од шефот на неговиот тим е тоа дека Фабио треба да направи само мали промени на неговиот стил на возење за да се прилагоди на мотоциклот.“

„Токму поради тоа не ми е јасно зошто фабричките возачи не можат да го направат истото? Мотоциклот на Фабио има послаби спецификации во споредба со мотоциклот на Френки или пак на фабричките возачи.“

„Мислам дека следната сезона тој заслужува да настапува со фабрички мотоцикл и не можам да замислам што се ќе може да постигне со него!“

Но за да имате два фабрички мотоцикли на патеката ви треба поголем буџет но исто така и поголеми технички ресурси од страна на Yamaha.

Quartararo txt 2 30 07

Постојат гласини дека Yamaha би сакала да ги задржи 'A' и 'A-' мотоциклите и следната сезона но вреди да се напомене дека првично Сепанг планираше да настапи со два фабрички мотоцикли.

„Првично планиравме два фабрички мотоцикли но потоа Педроса одлучи да се повлече“, изјави Разали минатата година. „Кога не успеавме да најдеме соодветен возач за тој мотоцикл,  одлучивме да побараме некој помлад возач. Имаше неколку опции но најголем впечаток ни остави Куартараро. Саквме да имаме млад возач со кој ќе ја испишеме историјата на тимот.“

Но многумина се сомневаа дека ова е исправна одлука.

„Не критикуваа. Ни велеа зошто потпишуваме договор со Фабио кога наместо него во тимот би можеле да ги имаме Баутиста или пак Алекс Маркез. Мислеа дека правиме голема грешка.“

Тимот на Petronas добро го процени Куартараро и во него виде возач кој има голем талент.

„Мислам дека нашиот успех се должи на две работи. Едната е тоа што Фабио е среќен со мотоциклот а другата е дека нашата првична цел беше да дојдеме до наградата за дебитант на сезоната. Се друго би било дополнителен бонус. Токму поради тоа и нема дополнителен притисок“, вели Разали.

„Веќе знаеме каков возач е тој и што би можело да го направи нервозен. Мислам дека добро се справува со притисокот. Но најважното нешто е тоа дека тимот не го притиска премногу.“

Добрата форма на Куартараро сигурно ќе ги заинтересира и останатите тимови а Разали веќе работи на пронаоѓање на нов млад возач кој би можел да стане дел од тимот во 2021 година.

„Веќе почнаа да се појавуваат гласини и мораме да бидеме подготвени за опцијата дека се можни промени во тимот“ , изјави Разали откако се појави гласини дека Вињалес и Куартараро би можеле да ги заменат местата.

„Веќе следиме неколку возачи кои се дел од Moto 2 серијата. Но сепак би сакале и во иднина да ги имаме истите возачи.“

Yamaha не е динствениот тим кој следната сезона би можел да има четири фабрички мотоцикли на патеката. Има најави и дека Ducati ќе го обезбеди GP20 за возачите на Pramac, Џек Милер и Франческо Бањаиа.

Back To Top