MotoGP

Трилер трката на Ле Ман му припадна на Педроса

Педроса е првиот мотоциклист во сезоната кој дојде до две победи во МотоГП сезоната, откако стартуваше од шестата позиција на трката за ГН на Франција која се возеше на патеката Ле Ман.

Следете нè на:

 

26pedrosa s1d3261 originalПедроса е на чело на генералниот пласман со две победи во сезоната.

Педроса е првиот мотоциклист во сезоната кој дојде до две победи во МотоГП сезоната, откако стартуваше од шестата позиција на трката за ГН на Франција која се возеше на патеката Ле Ман.

Возбудливата трка беше нешто што одамна го немаме видено, борба од првиот до последниот круг со неколку изненадувања, за кои најголем удел имаше мократа патека. Возбудливиот старт на трката придонесе возачот на Дукати тимот, Андреа Довициозо. 

Возачот на Дукати имаше успешен старт по кој изби на првата позиција, место кое успеа да го задржи неколку круга иако Педроса неколкупати се обидуваше да го промени тоа. Позициите на водечките двајца се менуваа, а зад нив ги следевме Хорхе Лоренцо, Валентино Роси, Кал Крачлоу и Штефан Брадл.

Уште еден возач кој треба да се издвои секако дека е Кал Крачлоу кој прикажа феноменално возење по стравотниот пад на четвртиот тренинг. Иако се здоби со мала фрактура на бутната коска, сепак одлучи да продолжи со сесијата, а потоа и со квалификациите. Болката не го спречи британецот да извози една од најдобрите трки во кариерата и на крајот да го освои второто место.

На третата позиција финишираше талентираниот Маркез кој иако заостана на стартот од трката, кон крајот успеа да го фати темпото и прикажа одлично возење кое на крајот му донесе подиум.

Денешната трка беше неуспешна за возачите на Јамаха откако Валентино Роси падна но успеа да се врати на патеката за на крајот да финишира на 12-та позиција, а Лоренцо имаше сериозни проблеми со гумите и на крајот заврши како седмопласиран.

Резултати од трката за ГН на Франција:

Поз.БодовиБр.ВозачТимМоторКм/чВреме
1 25 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 142.6 49'17.707
2 20 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 142.3 +4.863
3 16 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 142.2 +6.949
4 13 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 142.1 +10.087
5 11 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 141.7 +18.471
6 10 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 141.4 +23.561
7 9 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 141.2 +27.961
8 8 51 Michele PIRRO Ignite Pramac Racing Ducati 140.6 +40.775
9 7 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 140.6 +41.407
10 6 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 139.7 +1'00.995
11 5 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 139.5 +1'05.110
12 4 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 139.0 +1'16.368
13 3 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 138.6 +1'24.200
14 2 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 138.6 +1'25.726
15 1 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing ART 138.3 +1'32.111
16   5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 137.9 +1'40.602
17   70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM 136.9 1 Круг
18   8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 136.0 1 Круг
19   7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 136.0 1 Круг
Без пласман
    68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 136.5 8 Круга
    14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 137.7 13 Круга
    52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 133.2 13 Круга
    71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 132.4 21 Круга
    67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 121.4 27 Круга

Победата на Педроса му го донесе првото место во генералниот пласман, 6 бода пред Марк Маркез и Хорхе Лоренцо. Борбата во шампионатот продолжува на 2-ри јуни на патеката Муџело.

 

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.