MotoGP

Bridgestone потврди дека Лоренцо немал проблеми со гумите

И Yamaha и Bridgestone ги прегледаа гумите и не успеаа да најдат никаква грешка-но сепак тие најдоа мали пукнатини на десната страна на една од гумите на Валентино Роси.

Следете нè на:

 

jorge-lorenzo-le-mans-motog-yamaha-racingСепак на Ле Ман за слабиот резултат е виновен само Лоренцо

Yamaha и Bridgestone ги прегледаа гумите и не успеаа да најдат никаква грешка-но сепак тие најдоа мали пукнатини на десната страна на една од гумите на Валентино Роси.

По завршувањето на трката Лоренцо изјави „по три или четири круга состојбата на мотоциклот почна да се влошува и имав проблеми насекаде. При сопирањето, бидејќи во средината на свиокот јас не и верував на задната гума и при забрзувањето бидејќи задната гума се вртеше премногу.“

Неможејќи да ги објасни слабите резултати, Лоренцо верува дека неговите проблеми настанаа поради неисправна гума, „Не гледам што друго би можело да предизвика проблеми освен гумата“

И Yamaha и Bridgestone ги прегледаа гумите и не успеаа да најдат никаква грешка-но сепак тие најдоа мали пукнатини на десната страна на една од гумите на Валентино Роси.

Менаџерот за развој на гуми на Bridgestone Motosport, Шинџи Аоки, верува дека проблемите на Лоренцо настанале поради погрешна подготовка.

Еве што изјави Аоки:

„Веднаш по завршувањето на трката тој имаше разговор со неговиот инжинер за гуми каде што го објасни неговиот проблем. Како и секогаш во вакви ситуации, неговиот инжинер темелно ги испита гумите кои беа во добра состојба. Покрај тоа, и јас лично ги прегледав гумите и разговарав со инжинерите на Yamaha и сите се согласивме дека проблемите на Лоренцо не беа заради неговите гуми.“

„Добивме многу различни коментари од возачите по трката иако сите тие користат иста спецификација на влажни гуми и возат на исти услови. Во овие ситуации,подесувањето на машината е одлучувачко бидејќи и најмалата промена може да има ефект врз перформансите.“

„Во секој случај, беше жално за Хорхе бидејќи тој беше толку силен на утринското загревањеи сите очекувавме подобри резултати од него, но тој е шампион и знам дека повторно ќе биде конкурентен на следната трка.“

 

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.