MotoGP

Тест во Мисано: Роси и Вињалес ги одобрија новите делови на Yamaha

„Сите делови беа одобрени од страна на нашите возачи и најверојатно тие ќе бидат употребени на следната трка“ - Масимо Мерегали

Следете нè на:

 

„Сите делови беа одобрени од страна на нашите возачи и најверојатно тие ќе бидат употребени на следната трка“ - Масимо Мерегали

Тимскиот директор на Yamaha, Масимо Мерегали вели дека сите нови делови кои беа тестирани во Мисано, добиле одобрување од страна Маверик Вињалес и Валентино Роси и дека најверојатно ќе бидат употребени на следната трка.

Покрај промените на моторот, за време на тестот Yamaha испроба и голем број на други делови меѓу кои и новата задна вилушка изработена од јаглеродни влакна како и новиот издув.

„Во изминативе два дена Валентино и Маверик го тестираа моторот кој ги има најновите спецификации, новата задна вилушка како и новиот издув од Акраповиќ“, изјави Мерегали.

„Сите делови добија позитивна оценка од страна на нашите возачи и најверојатно ќе бидат употребени на следната трка.“

Роси и Вињалес беа дел од возачите кои настапија со меки задна гума. На крајот на денот, Роси успеа да се искачи од тринаесетото на шестото место додека пак Вињалес од седумнаесетата успеа да стигне до шестата позиција.

MisanoTest txt 02 09 2019

А со оглед на тоа дека Фабио Куартараро беше на првото место а Франко Морбидели заврши како трет, по завршувањето на тестот сите М1 се најдоа меѓу најдобрите шест мотоцикли на патеката. Ова преставува голем успех за тимот со оглед на временските услови на патеката.

„Во минатото мотоциклот имаше проблем при контактот со површината. Најважното ни беше да го тестираме тој сегмент.“

„Се движевме по насоките кои ги имавме од претходно поставени. Сега ќе ги анализираме сите податоци кои ги собравме и со нетрпение ја чекаме трката.“

Иако ниту еден од новите делови не доведе до такво подобрување на перформансите за Роси и Вињалес да можат редовно да се борат за победа, сепак возачите велат дека тимот се движи по вистинската насока.

„Прво го тестиравме прототипот за 2020 година а после тоа испробавме некои нови делови кои би можеле да ги употребиме пред крајот на сезоната“, изјави Роси. „Севкупно гледано тестот не беше воопшто лош бидејќи се подобривме во одредени делови.“

Во однос на заштитата на предното тркало, „Докторот“ вели дека не ја знае неговата точна функција но дека тоа одлично одговара на мотоциклот и дека треба да го задржат.

Вињалес, кој сега е најдобриот возач на Yamaha на табелата, имаше променлив настап. Тој имаше слаб резултат за време на првиот ден а на вториот ден од тестовите беше многу подобар.

„Работевме напорно за да имаме поголема брзина. Работевме на сетапот и особено на тоа како да бидеме побрзи на стартот на трката“, изјави Вињалес.

„За разлика од вчера, денеска имавме подобар настап. Задоволен сум од тестот. “

Трката во Мисано ќе се одржи од 13-ти до 15-ти септември.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Кон крајот на годината Ducati ќе пушти во продажба целосно нова верзија на Multistrada.

Марк Маркез успеа во последниот круг да го победи Фабио Куартараро на трката која се возеше во Мисано и ја зголеми предноста на табелата на 93 поени.

Марк Маркез вели дека и покрај фрустрациите кои ги имаше на последните две трки, не се потребни драстични промени со оглед на тоа дека има удобна предност во генералниот пласман.

Андреа Довициозо вели дека сеќавањата му се вратиле набрзо по тешкиот пад на Британската Гран При трка но дека сепак морале да му кажат што го предизвика инцидентот.

Викендов се вози 13-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

Победникот на трката во Силверстоун, Алекс Ринс, вели дека е мотивиран и подготвен за борба за првата позиција на трката која се вози овој викенд.  Откако се опорави од повредата на патеката се враќа Јоан Мир.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.