MotoGP

Куартараро: Брзи сме но распоредот на тестовите не е вистинска слика

Фабио Куартараро вели дека настапот за време на тестот во Мисано не е вистинска слика за она што може да се случи за време на еден Гран При викенд.

Следете нè на:

 

Фабио Куартараро вели дека настапот за време на тестот во Мисано не е вистинска слика за она што може да се случи за време на еден Гран При викенд.

Фабио Куартараро вели дека иако постигнал најдобар резултат за време на тестот во Мисано, сепак тоа не е вистинска слика за она што може да се случи за време на еден Гран При викенд.

Дебитантот во MotoGP имаше уште еден импресивен настап и постигна време од 1 минута 31.639 секунди. Овој резултат се разликува за само 0.010 секунди од времето кое го постигна Хорхе Лоренцо во 2018 година кога настапуваше за Ducati.

Куартараро, кој го помина остатокот од денот фокусирајќи се на сетапот и различните сетинзи, вели дека чувствува дека ќе биде биде брз на трката која ќе се одржи за две недели. Сепак, напоменува дека овие резултати не треба да се сфатат премногу сериозно.

Quartararo txt 02 09

„Мислам дека работите не се исти како за време на тркачкиот викенд. Самите видовме дека Маркез не настапи со новите пневматици и затоа не знаеме со сигурност какво ќе биде неговото време“, изјави Куартараро.

„Но ние имавме одличен настап, бевме навистина брзи и во моментов се чувствувам одлично. Имавме добро темпо и тоа е она што е важно. Имам среќа што тука извозев голем број на кругови и нема да треба да ја учам патеката. Ќе можам да притиснам уште од самиот старт.“

„Испробавме неколку нови сетинзи и задоволни сме од резултатот. Иако не извозевме голем број на кругови, сепак откривме некои позитивни работи. Навистина со нетрпение чекам да почне трката бидејќи завршивме одлична работа тука.“

Неговиот тимски колега, Франко Морбидели, кој го заврши тестот на третото место со заостанување од само 0.614 секунди, вели дека е задоволен од сопствениот напредок.

„Денеска успеавме да ги подобриме перформансите. Времето беше прилично топло и во споредба со вчера беше потешко за возење. Сепак успеавме да подобриме одредени работи“, изјави Морбидели. „Сега треба да се одмориме за да бидеме целосно подготвени за тркачкиот викенд.“

„За разлика од тест возачите кои испробуваат многу работи и не се фокусирани на перформансите, ние имаме време да се фокусираме на деталите.“

Во MotoGP сега следува кратка пауза, а потоа, помеѓу 13-ти и 15-ти септември ќе се одржи трката во Мисано.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Кон крајот на годината Ducati ќе пушти во продажба целосно нова верзија на Multistrada.

Марк Маркез успеа во последниот круг да го победи Фабио Куартараро на трката која се возеше во Мисано и ја зголеми предноста на табелата на 93 поени.

Марк Маркез вели дека и покрај фрустрациите кои ги имаше на последните две трки, не се потребни драстични промени со оглед на тоа дека има удобна предност во генералниот пласман.

Андреа Довициозо вели дека сеќавањата му се вратиле набрзо по тешкиот пад на Британската Гран При трка но дека сепак морале да му кажат што го предизвика инцидентот.

Викендов се вози 13-та рунда од МотоГП шампионатот, домаќин ќе биде патеката „Мизано Адриатико“ во Сан Марино.

Победникот на трката во Силверстоун, Алекс Ринс, вели дека е мотивиран и подготвен за борба за првата позиција на трката која се вози овој викенд.  Откако се опорави од повредата на патеката се враќа Јоан Мир.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.