Откако добија повратни информации од своите возачи, Suzuki одлучи да обезбеди нови спецификации за моторот и шасијата за настапот на пред-сезонскиот тест во Сепанг.

Техничкиот менаџер на Suzuki, Кен Каваучи потврди дека тимот ќе обезбеди нови спецификации за моторот и шасијата за настапот на пред-сезонскиот тест во Сепанг.Ваквата одлука е донесена откако се разгледани забелешките кои ги добија од нивните возачи.

На Алекс Ринс оваа сезона во тимот му се приклучи дебитантот Јоан Мир а Силвиан Гуинтоли ќе остане тест возач.  Сите тројца се согласни дека Suzuki треба да извлече поголема моќност од GSX-RR.

Suzuki Txt 06 02

Техничкиот менаџер потврди дека за време на настапот во Сепанг ќе биде обезбеден протопип мотор, кој ќе ги содржи сите промени кои да дадоа возачите по завршувањето на тестовите во Валенсија и Херез.

„По завршувањето на минатата сезона имавме јасна претстава што треба да промениме за да се подобрат нашите перформанси. Тројцата возачи дадоа речиси исти забелешки но и насоки. Ја направивме промената и сега се надеваме дека таа ќе биде ефективна“, изјави Каваучи.

„Развивме нов мотор, нова шасија а направивме промени и на електрониката.“

Откако се вратија во MotoGP во 2015 година, Јапонската компанија во 2017 година се соочи со одредени проблеми, пред се поради спецификациите на моторот. Сепак, минатата година успеаа да ги надминат овие проблеми и дури девет пати се најдоа на подиумот.

Каваучи потврди дека не сакаат повторно да им се случат истите проблеми и додаде дека во новата сезона планираат да ги задржат предностите кои ги имаат.

„Ова е во линија со нашата филозофија. Не сакаме да градиме нешто од почеток, туку планираме да продолжиме да се развиваме чекор по чекор. За нас е многу важно да имаме јасна претстава за мотоциклот. Врз основа на тоа планираме да ја развиваме машината но во исто време ќе се обидеме и да не го нарушиме целокупниот баланс на мотоциклот. “

Back To Top