(Време на читање: 1 - 2 минути)


Како и повеќето деби настапи на MotoGP тимовите кои ги видовме во пресрет на трката во Катар, она што на прв поглед ни изгледа како тркачка платформа за 2019 година, всушност е мотоциклот од 2018 година само со нови обележја. Сепак и ова е интересно а особено откако ќе ги видите и прекрасните фотографии.

Следни на нашата листа се ECSTAR Suzuki за кој настапуваат Алекс Ринс и Јоан Мир. Иако нема големи промени во споредба со минатата сезона, сепак има разлика. Понизок е задниот дел од мотоциклот а вентилаторите на предната страна имаат малку поинаков изглед во споредба со минатата година.

Секако, најголемата разлика меѓу двата мотоцикла е аеродинамичниот пакет. Иако очекуваме развој на целиот мотор, треба да напоменеме дека Suzuki нема концесија за сезоната која претстои. Сепак, ова изгледа дека не влијае премногу на тимот. Мотоциклот има нов мотор а првите реакции засега се позитивни. Тркачкиот GSX-RR има поголема моќност но и покрај тоа е лесен за управување.

Очекувајте да го видите ECSTAR Suzuki меѓу најдобрите тимови а не е исклучена и можноста да победи на некоја трка од новата сезона. Алекс Ринс покажа дека е навистина добар возач а голем потенцијал има и Јоан Мир.

Но дали 2019- та ќе биде година на Suzuki? Мали се шансите за такво нешто но Јапонскиот бренд се движи по вистинската насока. Неколку победи во новата сезона, сигурно ќе ги вброи во тимовите кои ќе се борат за титулата во 2020 година.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: